Daily news
Лавров: Ќе прифатиме какво било ново име на Македонија
Русија, најверојатно, ќе го признае новото име на Македонија што ќе го договорат Скопје и Атина, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за време на годишната прес-конференција на која зборуваше за надворешната политика на Русија во 2017 година. Лавров рече дека тој спор долго време бил во полузаспана состојба и дека сега оживеал кога САД одлучиле Македонија да влезе во НАТО.
Шефот на руската дипломатија потсети дека Грција е веќе членка на НАТО и дека на неа не ѝ е неопходно да прави отстапки, туку на Македонија.
Какво било решение, кое ќе го најдат двете страни и тоа да биде поткрепено со македонскиот Устав, ние најверојатно ќе го прифатиме, нагласи Лавров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
