Контакт

Daily news

Ливерпул ја откри трибината „Кени Далглиш“

Објавено пред

Легендарниот фудбалер и менаџер на Ливерпул, Кени Далглиш, ја доби честа една трибина на славниот стадион „Енфилд“ да го носи неговото име.

„Кралот“, како што сакаат да го нарекуваат навивачите на „црвените“ својот поранешен играч, дојде во Ливерпул пред точно 40 години за тогашен британски рекорд од 440.000 фунти. Шкотланѓанецот со нив освои 20 трофеи како играч и 11 како менаџер во две децении во тимот, а пред дербито со Манчестер јунајтед, фановите на Ливерпул ќе направат мозаик со неговиот лик пред мечот.

На церемонијата присуствуваа поранешниот менаџер Жерар Улие, поранешните играчи Јан Сент Џон, Роби Фаулер, Алан Хансен, Фил Томпсон, Мајкл Овен, Џејми Карагер и Стивен Џерард, но можеби најзабележително беше присуството на стариот ривал, sер Алекс Фергусон, како и уште еден великан на Манчестер јунајтед, sер Боби Чарлтон. Прославата започна, нормално, со шкотски гајди.

„Првото чувство е на огромна скромност. Нормално е да си горд кога ќе го видиш своето име на трибината. Имаше многу големи имиња кои можеа да бидат таму, и затоа гордоста е поголема. Дојдов тука во 1977 година од Глазгов кога имав 15 години, но Бил Шенкли знаеше дека сум премлад и ми кажа да дојдам повторно. Кога имав 26 години, тоа се оствари. Ова беше совршено место за игра“, изјави 66-годишниот Далглиш.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија5 минути

Утрото ведро и студено, во текот на денот сончево со температура до 29 степени

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од...

Спорт7 часа

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт8 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт9 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион9 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт9 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет9 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет9 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава9 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...