Контакт

Daily news

Лига Европа: Јунајтед и Ајакс ќе се борат за трофејот

Објавено пред

Манчестер Јунајтед и Ајакс ќе играат на 24.мај, на „Стадионот на пријателството“ во Солна, Шведска, во финалето на Лига Европа. Овие два тима преживеаја полуфиналните реванши против Селта односно Лион. Покрај за трофејот во Лига Европа, Јунајтед и Ајкас ќе се борат и за директен пласман во Лигата на шампионите.

Манчестер Јунајтед опасно живееше против Селта, но на крајот клучен се покажа голот на Рашфорд постигнат на првиот меч во Виго, со кој тимот на Жозе Мурињо победи со 1:0.

Селта одигра храбро на „Олд Трафорд“ и малку недостигаше да го шокира Јунајтед. Јаго Аспас имаше шанса за гол во првите десет минути, но неговиот удар го одбрани Ромеро. Напаѓачката игра на Селта, остави многу простор за играчите на Јунајтед, кои таквата определба на противникот ја казнија во 17.минута.

Рашфорд испрати долга дијагонала за Фелаини, а Белгиецот одлично реагираше и со глава го совлада Ромери.

До крајот на полувремето Јаго Аспас имаше уште една шанса, но од непосредна близина го промаши голот.

Во вториот дел Рашфорд имаше можност да стави точка на натпреварот, но голманот на Селта, Алварез излезе како победник во нивниот дуел.

Гостите од Виго до израмнувањ стигнаа со голот на Ронкаља, а потоа Аргентинецот доби директен црвен картон поради удирање на противникот, а истото му се случи на дефанзивецот на Јунајтед Ерик Баји.

До крајот Јунајтед успеа да ја сочува сопствената мрежа, иако Гуидети во последните секунди пропушти одлична можност да го шокира „Олд Трафорд“.

Лион и Ајкас одиграа уште еден спектакуларен дуел, кој заврши со победа на домаќинот 3:1, но Ајакс ќе игра во финалето бидејќи пред една недела победи со 4:1.

Лион уште од стартот тргна офанзивно кон голот на Онана, но гостите успшно се бранеа, а во 27 минута преку Долберг постигнаа гол за предност 0:1.

Пресврт направи Лаказет со два гола, првиот од пенал во 45.минута, а вториот по додавањето на Фекир една минута подоцна.Лион продолжи со нападите и во второто полувреме, но нов гол неговите фудбалери постигнаа дури во 81.минута. Стрелц со огромна доза на среќа беше Гезал.

Три минути подоцна Ајакс остана со играч помалку бидејќи Вергивен го доби вториот жолт картон.

До крајот на натпреварот најпрвин Лаказет, а потоа и Корне пропуштија изгледни шанси да изборат продолженија. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија22 минути

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија25 минути

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...

Култура55 минути

Три македонски филмови се снимаат летово, четвртиот почнува на крајот на август

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот...

Македонија1 час

Македонец во Кушадаси сериозно ги повредил вратните пршлени, со владиниот авион ќе биде пренесен во Скопје

Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој...

Забава2 часа

Нутриционисти ги откриваат најдобрите ужинки за деца

Кога децата ќе огладнат помеѓу оброците, родителите често посегнуваат по колачиња или чипс. Сепак, нутриционистите советуваат дека ужинката треба да...

Култура2 часа

„Лабораториум“ го почнува проектот „Лифт“ со бесплатни музички работилници за теремин

Културниот и едукативен центар ЛАБОРАТОРИУМ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика...

Свет2 часа

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, кои Мадрид...

Македонија3 часа

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, тројца пациенти во критична состојба

Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи...

Македонија3 часа

ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка

Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше...