Контакт

Daily news

ЛШ: Сити го чека Наполи, Тотенхем на „Бернабеу“

Објавено пред

Првиот ден од третото коло во Лигата на шампионите ги носи дуелите во Е-Х половината. Дерби средбите се играат во Манчестер, каде што Сити ќе го пречека Наполи, и во Мадрид каде што на Реал му гостува Тотенхем.

Три од четирите екипи (Ливерпул, Спартак, Марибор) во Е групата ќе се обидат да стигнат до премиерна победа во Лигата на шампионите. Севилја, која ја предводи групата ќе гостува во Москва кај Спартак со цел да освои најмалку бод и да ја задржи челната позиција, додека Ливерпул првиот триумф во сезоната ќе го бара во Марибор, кај истоимената екипа.

Група Е:
Марибор-Ливерпул
Спартак Москва-Севилја

Табела: Севилја 4, Ливерпул 2, Спартак 2, Марибор 1

Дербито на вечерта е во Манчестер, каде што ќе се сретнат Сити и Наполи, тимови кои веројатно во овој момент се наоѓаат во најдобра форма во Европа. Во сенка на овој меч ќе мине пресметката во Ротердам помеѓу Феенорд и Шахтјор.

Сити во саботата го декласира Стоук со 7:2 и се зацврсти на челната позиција во Премиер лигата.

„Ќе им покажам на моите играчи колку е добар нашиот противник. Тоа го направив пред дуелот со Шахтјор. Овие два тима играат слично, само што Наполи негува поофанзивен стил. Нападот е најдобра одбрана“, порачал менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Наполи е лидер во Серија А со максимален ефект од осум победи. Во саботата Наполи во дербито на колото ја победи Рома во Рим.

„Неверојатно е чувството во Рим да се забележат две победи во еден месец (Наполи претходно го победи и Лацио), но сега нашиот фокус е на Лигата на шампионите. Ние сме на почеток на нашата приказна…Играме против Сити, еден од најсилните тимови во Европа“, рекол капитенот на Наполи, Мерек Хамшик.

Група Ф:
Манчестер Сити-Наполи
Феенорд-Шахтјор

Табела: Манчестер Сити 6, Шахтјор 3, Наполи 3, Феенорд 0

Третото коло е веројатно клучно за минатосезонскиот полуфиналист Монако дали и оваа сезона ќе игра во нокаут рундата. Монако има еден бод по првите две кола, а вечерва ќе го пречека лидерот во групата Бешикташ. Порто, во оваа група, гостува кај дебитантот Лајпциг.

Група Г:
Монако-Бешикташ
Лајпциг-Порто

Табела: Бешикташ 6, Порто 3, Лајпциг 1, Монако 1

Реал по лошиот старт во новата сезона полека влегува во ритам, а вистински тест за можностите на тимот кој го предводи Зинедин Зидан е гостувањето на Тотенхем. Мечот е интересен и поради Герет Бејл, кој од Тотенхем пристигна во Реал, но неговиот настап е под знак прашалник бидејќи веќе две недели се мачи со повредата.

Тотенхем на овој меч ќе биде без двајца важни играчи, левиот бек Дени Роуз, кој е повреден, и Деле Али, кој е суспендиран.

„Кејн е клучниот играч на Тотенхем, многу е добар во сите сегменти, а најважно е што секогаш размислува како да постигне гол. Тој е комплетен играч, иако не изгледа така, но секогаш се појавува онаму каде што е потребно“, рекол тренерот на Реал, Зидан.

Група Х:
Реал Мадрид-Тотенхем
АПОЕЛ-Борусија-Дортмунд

Табела: Тотенхем 6, Реал 6, Борусија 0, АПОЕЛ 0

Натпреварите ќе почнат во стандардниот термин од 20:45 часот. н.ц.

Најново

Свет11 минути

„Њујорк тајмс“: САД подготвуваат нов голем напад врз Иран

Американската војска подготвува опции за продолжување на големи борбени операции против Иран, иако претседателот Доналд Трамп во моментов не покажува...

Спорт13 минути

Џака доби парична и условна казна

Гранит Џака, швајцарскиот репрезентативец и играч на Сандерленд, ја дозна казната за фалсификуван тест за Ковид во 2022 година. Тој...

Свет41 минута

(Видео) Трамп му врачи медал за наука на Илон Маск: „Тој е нашиот современ Томас Едисон“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера му го врачи престижниот Национален медал за наука на директорот на „SpaceX“, Илон Маск, на...

Економија46 минути

Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на работната посета на Виена и учеството во извршната...

Спорт54 минути

Тони Крос e подготвен да започне тренерска кариера

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос (36) се подготвува за ново поглавје во својата кариера. По завршувањето на активната фудбалска кариера,...

Македонија1 час

Томографот на Клиниката за радиологија е пуштен во употреба, тој на Хирургија сè уште се поправа

Денеска е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен за...

Спорт1 час

Шокантни тврдења за смртта на Марадона: Се ослободија од него, беше темпирана бомба

На судењето на седумте здравствени работници обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона, беа упатени сериозни обвинувања против медицинскиот тим...

Забава1 час

Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

Тие со месеци напорно работеа, преземаа одговорност и го даваа својот максимум, но резултатите изостануваа или доаѓаа бавно. Сепак, ситуацијата...

Свет2 часа

Градоначалникот на Киев: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат градот

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупреди дека засилените руски напади врз украинскиот главен град го загрозуваат снабдувањето со електрична енергија...