Контакт

Daily news

Македонските судови во 2016 носеле пресуди по „терк“

Објавено пред

Дури 82,28 отсто од пресудите кои ги донеле македонските судови во 2016 година биле во согласност со Законот за одредување на видот и висината на казната, покажа Годишниот извештај на Комисијата за воедначување на казнената политика составена од судии, јавни обвинители и адвокати.

dobivaj vesti na viber

Сепак, постои резерва бидејќи судовите не доставувале пресуди. Во Извештајот на Комисијата пишува дека се забележани пропусти при донесувањето пресуди. Такви примери се изрекувањето условни осуди, а не се исполнети условите од Законот, се изрекуваат поблаг вид казни од предвиденото, осудените лица погрешно се категоризираат, а во некои случаи и  погрешно е  утврдена казната.

Комисијата препорачува измени во Законот за одмерување на видот и висината на казната. До Собранието упатиле известување во кое го информираат законодавниот дом, дека на двајца членови, екс-обвинителот Јован Илиевски, баџанакот на директорот на УБК, Сашо Мијалков, му престанал мандатот, бидејќи е избран во Судот за човекови права во Стразбур и на обвинителот Неџат Елези, поради исполнување на старосната граница за заминување во пензија.

Инаку, претседателот на Врховен, Јово Вангеловски на брифинг со новинарите најави дека од Новата Влада ќе побара измени во Законот за парнична постапка, Законот за судови, Законот за судскиот совет, Законот за одмерување на казните, укинување на Законот за Советот за утврдување на факти и утврдување одговорност на судии и др. „Забелешките од Извештајот на Рајнхард Прибе се дел од една поголема законска ревизија која треба да биде направена“, рече тогаш на брифингот со новинарите Вангеловски. На неколку  стручни расправи посветени  на оваа тема, можеа да се чујат експертски мислења дека законот не ги дал очекуваните резултати, бидејќи премногу математички ги одредува казните, па дури се заговара и целосно укинување на овој Закон.

В. Маглешов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион24 минути

Ситуацијата во Грција не се смирува: луѓето без струја, заробени во поплави, блокирани патишта во Евија

Грција ја зафати ново невреме, а денеска најтешка е состојбата во областа на градот Волос и островот Евија, каде патиштата...

Македонија45 минути

Спречен шверц на 20 рачни часовници од познати модни брендови

Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови се запленети од страна на царинските службеници...

Регион56 минути

Гардијан за вооружениот конфликт во Косово: Доколку се докаже дека Вучиќ е вмешан, тоа може да доведе до санкции против Србија

Косово ја обвини Србија дека стои зад воената група која во неделата нападна полициска патрола и се судри со косовските...

Македонија2 часа

ЦУК: Во последното деноноќие 24 пожари, до утрово – активни само два

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи, противпожарните...

Европа2 часа

(Видео) Морнарица, елитни трупи, воздухопловни сили: Ирците запленија најмногу дрога досега

Елитна единица на ирската армија претресла товарен брод под панамско знаме во близина на југоисточниот брег на Ирска и пронашла...

Македонија3 часа

Левица: Уставниот суд ги поништи „двојазичните изводи“ на наша иницијатива

„Откако Левица, преку претставка, го оспори Упатството за водење матични книги донесено од Министерство за правда, Уставниот суд одлучи да...

Европа3 часа

Шолц ја блокира испораката на ракети Таурус во Украина поради страв од Русија, пишува Волстрит журнал

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја блокираше испораката на ракетите со долг дострел Таурус за Украина, бидејќи стравува дека тоа ќе...

Топ4 часа

Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер

Вчера околу 13.30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија во содејство со Единицата за...

Македонија13 часа

Обвинителството не било консултирано, но мора да ги применува измените на кривичниот законик, вели Јовески

Државниот обвинител Љубомир Јовески, вели дека Обвинителството не било консултирано за измените во Кривичниот законик, но се донесени во Собранието...

Регион14 часа

Бугарија ќе и’ донира на Украина неисправни советски ракети С-300

Бугарскиот парламент денеска одлучи да ѝ донира ракети С-300 од советската ера на Украина, откако претходно го одобри испраќањето оклопни...

Македонија17 часа

Администрацијата на јавните обвинителства штрајкува за повисоки плати

Администрацијата на јавните обвинителства штрајкува за повисоки плати. Бараат зголемување на месечните примања за 78 проценти по примерот на функционерите,...

Топ17 часа

Пукано кон маж на улица во Ѓорче Петров, МВР со детали за настанот

Доцна по полноќ, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) и му нанеле прострелна рана....

Топ18 часа

Малолетничко насилство во училиштен двор: натепани двајца тинејџери

Двајца малолетници биле физички нападнати во двор на средно училиште во скопската населба Карпош. Како што информираа од МВР, утрово...

Македонија20 часа

МВР демантира дека не постапило по пријавите на сега веќе убиените жени во Кочани и Куманово: да не се пласираат дезинформации

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од граѓански здруженија дека полицијата наводно не постапила по пријавите на жените...

Македонија21 час

Мицкоски: Уште незалечени раните за случајот на Онкологија, има нова афера

Во услови кога не се залечени раните од оној траур и гнев што секој од нас го чувствува поврзан со...

Топ22 часа

Прегазен пешак во Скопје: во него удрил мопед управуван од малолетник

Вчера, во 15.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Благоја Паровиќ и улицата Никола Милошевски...

Топ23 часа

Починат маж пронајден паднат на улица во Гостивар

Утрово, во 7.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен починат 66-годишниот...

Македонија23 часа

Најстрога казна за сторителот и одговорност од институциите за убиството на жените, бара Националната мрежа против насилството

Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство бара најстрога казна за сторителите на убиствата врз жените, што се...

Македонија1 ден

ЦУК: Вчера 33 пожари на отворено, денеска пожарите почнаа од мугрите

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 33 пожари во 23 општини, од кои 30 се изгаснати. Според информациите што...

Регион1 ден

(Видео) Дачиќ за снимката на која се гледаат напаѓачите од Косово: Тоа е измама, можете да видите снег

Српскиот министер за надворешни работи и вицепремиер, Ивица Дачиќ, за време на гостувањето на РТС изјави дека Аљбин Курти е...