Контакт

Daily news

Макрон веќе не е партиски лидер

Објавено пред

Новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, поднесе оставка на местото претседател на движењето „Ан марш!“ („Одиме!“), кое самиот го основаше пред неколку месеци.

Макрон во неделата победи во вториот круг од претседателските избори во Франција, а оставката следуваше само еден ден по убедливата победа над противкандидатката Марин ле Пен од ултрадесничарскиот табор.

Француските медиуми јавуваат дека Ришар Феран, генералниот секретар на движењето на Макрон, им се забрагодарил на поддржувачите, чиј број достигна околу 285.000, по што одржал конференција за новинари за да ја соопшти оставката на Макрон на функцијата претседател на движењето, што ја поднел на „вонредниот состанок на управниот одбор“.

За привремен претседател на движењето „Одиме!“, кое Макрон го основаше во април 2016 година, именувана е Катрин Барбару. Поранешниот француски премиер Мануел Валс изјави дека ќе го поддржува политичкото движење на избраниот претседател на претстојните избори во јуни, за долниот дом во парламентот.

„Сакам да се приклучам на неговото движење и да бидам нивни кандидат на претстојните парламентарни избори“, изјави тој. Макрон претходно најави дека половина од кандидатите на тие избори ќе бидат нови имиња во политиката. крај/мф/

Најново

Спорт28 минути

ФИФА покрена постапка против Паредес, можна суспензија од неколку месеци

Леандро Паредес би можел скапо да плати за своето однесување по финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија. ФИФА...

Спорт32 минути

Меси: Болката е огромна.. Ви благодарам… Честитки до Шпанија

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, се огласи по поразот во финалето на Светското првенство. Фудбалерите на Аргентина не успеаја да...

Спорт35 минути

(Видео) Два милиони луѓе ги пречекаа светските шампиони

Два милиони луѓе ја пречекаа шпанската фудбалска репрезентација вечерва на улиците на Мадрид, откако ја освоија титулата на Светското првенство...

Македонија3 часа

Објавено со што е загадена водата во Гостивар, жителите ја пиеле од 25 јуни кога биле поставени пумпи од канал

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина...

Забава3 часа

(Видео) Читач на усни: Трамп ја повторуваше истата реченица на секој шпански играч

Доналд Трамп вчера им го додели трофејот и медалите на победниците на Светското првенство, шпанската репрезентација. Американскиот претседател, исто така,...

Забава4 часа

Зошто утринската прошетка е една од најдобрите навики за здравјето?

Не секоја форма на чување на здравјето мора да биде поврзана со големи промени и напорни тренинзи. Понекогаш една од...

Свет4 часа

Мамдани проверува дали може да го уапси Нетанјаху; Трамп: Нема да биде уапсен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации

Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси...

Спорт5 часа

(Видео) Јамал откри што му рекол Меси по финалето: „Неговите зборови вредат колку медал“

Шпанија вчера ја освои својата втора светска титула победувајќи ја Аргентина во финалето на Светското првенство. Фуријата славеше во големото...