Контакт

Daily news

Манчестер јунајтед и ПСЖ со нови победи, деби на Ристовски во ЛШ

Објавено пред

Манчестер јунајтед ја искористи неискусноста на младиот голман на Бенфика, Миле Свилар да стигне до неубедлива 2:0 победа на „Олд Трафорд“. Свилар, најмладиот голман кој играл во ЛШ, прво го одбрани пеналот на Марсијал во 15. минута, но потоа прими смешен гол по ударот на Немања Матиќ во последните минути од полувремето, кога топката од стативата се удри во него и влезе во голот.

Мечот беше запечатен во 78. минута, кога повторно од пенал, овојпат Дејли Блинд не згреши за Јунајтед да обезбеди пласман во следната фаза. ЦСКА Москва направи пресврт и победи со 2:1 на гостувањето кај Базел за да се израмни со Швајцарците на второто место на табелата.

Пари Сен-Жермен го „здроби“ Андерлехт со 5:0 благодарение на хет-трикот на Лајвин Курзава во второто полувреме, откако претходно Верати и Нејмар стрелаа во првото полувреме. ПСЖ има четири победи во четири меча во ЛШ оваа сезона со гол разлика од неверојатни 17:0. Баерн победи во Шкотска кај Селтик со 2:1 за да остане на второто место со 9 поени, за да продолжи „ренесансата“ под Јуп Хајнкес.

Челси и Антонио Конте не си поминаа најдобро на гостувањето во Рим, откако Рома ги „уништи“ со 3:0 за да го преземе првото место во групата Ц и да биде на чекор до пласман во осминафиналето.

Херој на мечот беше Стефан Ел Шарави, кој само што започна мечот го шокираше Тибо Куртоа, за во 30-тата минута да ја воодушеви публиката на преполниот „Олимпико“ со уште еден гол. Диего Пероти во 63. минута само стави сол на раната, за Челси да го загуби првото место во групата.

Стефан Ристовски доби шанса да дебитира во натпреварите од Лигата на шампиони со својот Спортинг од Лисабон, за да помогне портуалскиот тим да стигне 1:1 реми со Јувентус со што останаа на третото место во групата Ц зад Барселона и Јувентус.

ГРУПА А

Базел  – ЦСКА Москва 1:2

Манчестер јунајтед – Бенфика 2:0

Табела: 1.Манчестер ј. 12, 2.Базел 6, 3.ЦСКА Москва 6, 4.Бенфика 0

ГРУПА Б

Селтик – Баерн Минхен 1:2

Пари Сен-Жермен – Андерлехт 5:0

Табела: 1.ПСЖ 12, 2.Баерн М. 9, 3.Селтик 3, 4.Андерлехт 0

ГРУПА Ц

Атлетико Мадрид – Карабах 1:1

Рома – Челси 3:0

Табела: 1.Рома 8, 2.Челси 7, 3.Атлетико М. 3, 4.Карабах 2

ГРУПА Д

Олимпијакос – Барселона 0:0

Спортинг – Јувентус 1:1

Табела: 1.Барселона 10, 2.Јувентус 7, 3.Спортинг 4, 4.Олимпијакос 1

Најново

Спорт48 минути

Црна Гора во 91-та минута влезе во Б-дивизијата

Фудбалерите на Црна Гора ја победија Латвија со 2:1 во петтото коло од Ц дивизијата на Лигата на нации. Црногорците...

Спорт1 час

Англија ја победи Хрватска, Шпанија лесно се справи со Чешка

Англија и Шпанија забележаа победи во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции веќе изборија...

Спорт1 час

(Видео) Италија ја победи Франција, ја презеде лидерската позиција во групата

Италија ја победи Франција во Милано со 3:1 во натпреварот од 5-то коло од А дивизијата на Лигата на нации....

Свет3 часа

Кејт Мидлтон откри што ѝ помогнало во борбата против ракот: „Имаше добри и лоши денови“

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, изјави дека природата ѝ помогнала за време на закрепнувањето од болеста, нагласувајќи дека процесот...

Свет3 часа

Маж од Индија лажно пријавил киднапирање на авион бидејќи не сакал да се одвои од сопругата

Маж од Индија е уапсен поради лажно пријавување на киднапирање на авион на „Ер Индија“, откако во тоалетот на авионот...

Свет3 часа

Шефицата на дипломатијата: Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност

Шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајцингер, денес изјави дека Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност, откако...

Свет4 часа

Песков: Европејците се борат како „пајаци во тегла“ штом некој ќе ја контактира Москва

Постапките на Европејците мора да престанат да бидат контрадикторни за Русија да верува во нивната желба за постигнување мир, изјави...

Свет4 часа

Путин се согласи да ја вклучи Европа во разговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда...

Спорт4 часа

(Видео) Де Брујне и Де Кетеларе го поништија голчиштето на Гулер

Репрезентативците на Белгија ја победија Турција во Измир, по пресврт, со 2:1 во натпреварот од петтото коло од А дивизијата...