Daily news
Марковиќ: Притисокот од Русија над Црна Гора се врши на политички, безбедносен и економски терен
Црногорскиот премиер Душко Маровиќ рекол дека очекува Шпанија во следните два дена да заврши со процедурата на ратификација на Пристапниот протокол на Црна Гора во НАТО и дека е договорено Црна Гора своите инструменти за пристапувањето во Алијансата да ги достапи на 5 јуни, пренесуваат регионалните медиуми.
„Тоа значи дека Црна Гора на тој ден и формално ќе стане членка на НАТО, иако на Самитот во Брисел кон крајот на овој месец ќе биде претставена практично како членка“, рекол Марковиќ во интервју за Гласот на Америка.
Тој рекол дека една од темите на неговите разговори со државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон бил притисокот на Русија над Црна Гора и силното присуство на Русија во Западен Балкан.
„Реков дека Црна Гора беше изложена на силен притисок, дека има политички, финансиски и известувачки содржаи, и дека целата акција имала за план дестабилизација на Црна Гора во смисла на предизвикувањето инциденти и вооружени судири па и организирање ликвидација на поранешниот премиер Мило Ѓукановиќ“, рекол Марковиќ.
Според него, „за среќа црногорските служби навремено го откриле тоа сценарио, и ги уапсиле актерите од тој случај“. „Ги бараме организаторите на целата акција, за кои се претпоставува дека се припадници на воена известувачка служба и на тој начин процесот излезе од Обвинителството. Верувам дека на 24 мај, по подигнувањето на обвиненијата ќе има и судски епилог“, рекол црногорскиот премиер.
Марковиќ рекол дека ставот на Тилерсон е дека делувањето на Русија во Црна Гора не е осамен случај туку дека има вакви примери и во други земји во Европа и пошироко, констатирајќи дека притисокот се проширува. Црногорскиот премиер рекол дека притисокот на Русија над Црна Гора се проширил од политички и безбедносен, и на економски терен.
„Што се однесува до Црна Гора, ние сме доста стрпливи, дури и над националното достоинство. Гледате дека таквиот притисок над Црна Гора продолжува и овие денови, доста се тешки, ригидни и заканувачки пораките на руското МНР“, рекол Марковиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
