Контакт

Daily news

МВР со детална информација за тепачките во Собранието

Објавено пред

 

 МВР излезе со официјално соопштение за претепувањето на пратениците во Собранието на  27-ми април. Соопштнието ви го пренесуваме во целост:

 

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.М. (38) од Скопје, Д.Х. (43) од Прилеп, Н.М. (34) од Скопје, К.Џ. (54) од Скопје, Ѓ.Б. (44) од Скопје, Д.Д. (45) од Скопје, В.Н. (45) од Скопје, С.П. (57) од Скопје, А.З. (63) од Скопје, поради постоење на основи на сомневање за извршено кривично дело “Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ.

 

Против лицата, пак, Д.В. (36), А.С. (39) и М.Ц. (39) М.С. (47) четворицата од Скопје, поднесе кривична пријава поради постоење на основи на сомневање за извршено кривично дело “Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ. А против лицата Д.А. (62) од Скопје и И.Ј. (46) од Куманово поради постоење на основи на сомневање за извршени две кривични дела “Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ и “Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ.

 

Врз основа на предгледани видео материјали и превземени оперативни мерки извршена е идентификација на горенаведените лица, и петмина од нив веќе се приведени. Покрај ова, МВР до надлежното ОЈО достави и посебно известување за организаторите на протестите за евентуалното натамошно постапување на обвинителството околу целосното расчистување на случувањата од 27.04.

 

Инаку, според досега документираните сознанија, на  27-ми овој месец околу 19,00  часот пред и во Собранието на Република Македонија, пријавените, по завршување на седница каде е избран преседател на собрание како и за време на одржување на прес конференција во салата, откако го пробиле кордонот од УПС кој бил поставен пред

 

Собранието, влегле внатре каде извршиле оштетување на ходникот, а потоа физички ги нападнале полициските службеници на внатрешното обезбедување А.Ј., В.К., Б.Ѓ. по што влегле во салата 3 каде се одржувала прес конференција и физички ги нападнале присутните З.З.  (42) од Струмица, З.С. (44) од Струга, Р.Ш.Ј. (44) од Скопје, О.С. (40) од Куманово, С.М. (53) од Скопје, како и други пратеници од политичките партии на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците.

Пријавените Б.М., М.С, Д.А., И.Ј, Д.Х., Н.М., К.Џ., Ѓ.Б., Д.Д., В.Н., С.П., Д.В., А.З., А.С. и М.Ц. со наведените зеднички дејствија со употреба на физичка сила и закани сториле насилства спрема луѓе и оштетиле имот, со што ги извршиле напред наведените кривични дела.

Од страна на ЕНК ОКСД извршени се проверки во Клинички Центар Мајка Тереза  –

 

Неврохирургија во врска со повредениот пратеник З.С., а со вработените во обезбедување на Собранието Б.Ѓ. и В.К. извршени се службени разговори.

По настанот, по предходна консултација со Јавен обвинител од страна на ЕУМНА при СВР Скопје извршен е Увид како и кримтехничка обработка на местото на настанот за што се изготвени Записници. Од страна на Основно јавно обвинителство Скопје, издадени се Барања за доставување податоци од повеќе електронски медиуми,  ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА, МВР на РМ УБК ООТПО како и наредби за вештачење до МВР на РМ – ОКТИВ кои откако ќе бидат изготвени дополнително ќе биде поднесен соодветен службен материјал.

 

СВР Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности со цел идентификување и документирање и на други лица учесници во настаните од 27-ми овој месец во Собрание на Република Македонија…крај/мф/гд

Најново

Спорт4 минути

(Видео) Елверсберг во Менхенгладбах од 3:1 до 3:4

Фудбалерите на Елверсберг продолжија да ја пишуваат најдобрата приказна на почетокот од новата сезона во Бундеслигата. Со спектакуларен пресврт ја...

Спорт15 минути

(Видео) Халанд погоди за триумф на Сити, Палас по пресврт го победи Фулам, Тотенхем и во третиот меч не постигна гол

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1:0 во 3. коло од Премиер лигата. Домашниот тим поведе во 26....

Забава30 минути

Ќе ја сретнат својата сродна душа до крајот на 2026 година: Само еден знак ќе го оствари овој сон

До крајот на годината, ѕвездите ќе бидат особено поволни за еден хороскопски знак, кој би можел да запознае нова љубов...

Забава49 минути

(Фото) Алкараз во врска со секси русокоса? Нејзините фотографии во бикини го засенија Отвореното првенство на САД

Сите пишуваат за потенцијалната девојка на Карлос Алкараз, и иако нема официјална потврда за тоа, нејзината популарност расте од ден...

Забава1 час

Чини малку, но прави чуда: Моќно решение поради кое сите растенија цветаат „како луди“

Раствор за наводнување на цвеќиња од околу 50 денари ги обновува зелените лисја и бујните цвеќиња. Состојките се во секој...

Забава2 часа

(Фото/Видео) Најбараната убавица блесна во винтиџ фустан: По голите изданија – ова е сензација

Кендал Џенер за прв пат прошета по црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, а нејзиното деби дефинитивно ќе се...

Забава2 часа

(Фото) Магијата наречена Амал Клуни: Сите гледаат во нејзиниот блескав фустан

Во наредните денови ќе уживаме во модните изданија на Амал Клуни, ненадминатата кралица на елеганцијата. Познатиот актер Џорџ Клуни и...

Европа2 часа

Путин одеднаш нареди запирање на нападите врз Киев: ова е причината за прекинот на огнот

Рускиот претседател Владимир Путин нареди да престанат нападите врз Киев три дена, почнувајќи од полноќ, со цел да се подготват...

Македонија2 часа

Времето утре – сончево и топло: ќе дува засилен ветер од северен правец

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец,...