Контакт

Daily news

Мета: Задоволен сум што политичката криза во Македонија оди кон нејзиниот крај

Објавено пред

Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека е задоволен што политичката криза во Македонија оди кон нејзиниот крај.

dobivaj vesti na viber

Мета говореше на предизборниот митинг во Корча, кој беше масовно посетен од етничките Македонци во корченскиот крај и областа Мала Преспа, бидејќи двајца Mакедонци, ќе се борат за влез во албанското национално собрание, на заедничката листа со неговото Движењето за социјалистичка интеграција.

Етничките Македонци во Албанија, собрани околу политичка партија – Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), за општите парламентраните избори во Албанија, ја напуштаат досегашната коалиција со Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама и коалицираат со партијата на новоизбраниот албански претседател Илир Мета.

Етничките Македонци, посебно поддржувачите на МАЕИ, не го кријат задоволството од новите политички ветришта во Албанија, особено после Резолуцијата во ЕП, но и лично од однесувањето на Илир Мета, кој, неколку пати, нагласи дека целта му е партнерство, а не политичко претопување на партијата на Македонците.

„Ова не е случајно, ова не е договор за да се стопи Македонска алијанса за европска интеграција (МЕАИ). Ова е договор за застапување на прекрасната македонска заедница во сите албански државни институции. Бидејќи, како што рече и Васил, Социјалистичкото движење за интеграција и Македонска алијанса за европска интеграција (МЕАИ) делат заеднички вредности за толеранција, сеопфатност и европската интеграција“, истакна Мета. на митингот одржан во Корча.

Мета упати порака дека правата на секоја од етничките заедници во Албанија се многу важни и се показател на степенот на демократија и толеранција во општеството.

На кандидатската листа за идни пратеници во албанскиот парламен, за изборната единица во Корча, за влез во парламентот, ќе се бори Васил Стерјоски, генерален секретар на МАЕИ, директор на комунално претпријатие во префектот Корча и познат активист за правата на Македонците во АЛбанија.

„Македонската Алијанса за европска интеграција , како партија која во својата програма има заштита на правата на македонската заедница во Албанија, владеењето на правото и европската интеграција на Албанија ги дели истите вредности со Социјалистичкото движење за интеграција, која е европска партија, сеопфатна и со извонреден придонес во консолидирање на демократијата во земјата“, изјави Стерјоски за Макфакс.

На заедничката кандидатската листа, има уште еден Македонец, од Мала Преспа, од селото Глобочани, исто така, познатиот активист, Ефтим Митрески./крај/мф

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Спасовски: Лажните дојави за бомби се од група од Македонија и ќе одговараат за тероризам

Набргу група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата...

Свет52 минути

Нови гробови на историските гробишта во Украина: Победата е наша, но оваа е цената

Сместени во југоисточниот дел на Лавов, гробиштата Личакив се едни од најстарите во Европа и често се споредуваат со историскиот...

Македонија1 час

Пратеник од ДУИ барал пари за да гласа уставни измени, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен. Иста е состојбата и во...

Регион2 часа

Денес почнува примената на Шенгенските правила на хрватските аеродроми

Аеродромите во Хрватска се подготвени да ги применат шенгенските правила, кои започнаа на полноќ. Не очекуваат гужва или застој на...

Свет2 часа

Трамп: Јас сум жртва на лов на вештерки

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека е подложен на една по друга лажни...

Македонија3 часа

Македонските патарини лани собрале над 53 милиони евра

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 53.242.070 евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта...

Македонија3 часа

Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, велат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од...

Свет15 часа

Русија по грешка призна дека Украинците сепак ѝ потопиле воен брод

Украинските сили пред една година тврдеа дека рускиот воен брод Саратов е целосно уништен, што Русите постојано го негираа. На...

Свет16 часа

Каде ќе започне контраофанзивата?: Генерал изненади со најавата, Москва ја менува тактиката

Пролетта пристигна во Украина – при крајот на март температурите достигнаа највисоки 17 Целзиусови степени низ поголемиот дел од источниот...

Топ17 часа

Обвинителството со детали за девојчето во Струга: едниот силувач бил семеен пријател

Обвинителството бара притвор за тројцата кои силувале 14-годишно девојче во Струга. За случајот поведена е истрага против две лица, на...

Топ19 часа

Филмска потера на автопатот кај Тетово – полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога

Полициска бркотница се одвивала синоќа на автопатот Гостивар-Тетово кога дилери на дрога ја забележале полицијата и одлучиле да се дадат во...

Македонија19 часа

Оштетувања на дигесивниот тракт има битолчанецот кој испил корозивно средство во кафуле, а нарачал кисела вода

Веќе петти ден на Клиниката за Токсикологија е хоспитализиран битолчанецот поради испиено корозивно средство во кафуле. Според информациите што вчера...

Македонија20 часа

Од што починала петгодишната Јана ќе покаже обдукцијата – се чека наодот додека се испитуваат лица

Обдукцијата на телото на петгодишната Јана Христовска, ќе треба да го дадат одговорот од што починало девојчето во битолската болница...

Македонија21 час

СДСМ е уверен дека сите пратеници од мнозинството ќе ги поддржат уставните измени

Броењето пратеници на Христијан Мицкоски му е многу слаба страна. Тоа го покажал неколку пати досега, реагира СДСМ по обвинувањата...

Македонија22 часа

Спасовски: Истражуваме како затвореници можеле да копаат тунел во Идризово и дали има учество од затворските служби

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни истражни мерки за расветлување на случајот за обид...

Македонија22 часа

Дали Ковачевски на состанок барал од пратениците потпис за уставните измени? – Митева тврди дека во партијата е тензично

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека премиерот, Димитар Ковачевски и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ не можеле да ја контролираат пратеничката група...

Македонија23 часа

„Огнените“ објавија листа на разрешени функционери од ДУИ, тврдат дека ги разрешил Груби

Возот на Артан Груби и директната закана за политичка елиминација на сите што мислат поинаку во ДУИ, беше изведен на...

Македонија1 ден

Хајредини до Агелер: Прашајте во Њујорк кои политичари од Македонија примиле милиони евра мито од Дојче Телеком

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини на „Фејсбук“ ја повика американската амбасадорка Анџела Агелер да обелодени информации во врска со...

Свет1 ден

(Видео) Макрон кришум си го извади скапиот часовник додека зборуваше за работничкиот минималец

Францускиот претседател Емануел Макрон, пред неколку дена ја бранеше својата пензиска реформа на францускиот ТВ канал ТФ1, каде се обиде...

Македонија1 ден

Часовникот се поместува вечерва, почнува летно сметање на времето

Со поместување еден час нанапред во недела рано наутро започнува летното сметање на времето кое ќе трае до 29 октомври....