Daily news
Меѓаши: Правата на децата најчесто се кршат во бракоразводна постапка
Вкупно 50 деца биле потенцијални жртви на кршење детски права, од кои 27 случаи на кршење на правото на детето во текот на бракоразводни постапки и десет случаи на семејно насилство, покажува шестмесечниот извештај на Првата детска абмасада во светот Меѓаши за работата на СОС телефонот .
Најголем број дојавувачи се машки возрасни лица и од урбани средини. Четири од дојавувачите се деца, а по националноста, најголем број или 41 се од македонска, три од албанска и еден од ромска националност. Јавувањата се преку телефон, Фејсбук страницата или преку електронска пошта. Нешто што е тренд е дека децата се јавуваат да бараат директна помош и поддршка во форма на психолошко советување и психотерапевтски третман, рече Јана Зенговска, психолог и координатор на СОС телефонот 0800 12222.
Во последно време има многу случаи за сексуална злоупотреба на деца, од постар на помал малолетник. Поразително е кога знаете дека насилството е регистрирано во училиштата, не е дојавено на време во центрите за социјална работа и полицијата, родителот нема доволно информации што се случува на детето или не ги забележува промените во однесувањето, задоцнето реагира до полицијата, а полицијата за време на викенд неангажира судска медицина и малолетнички инспектор за да ја докаже вината и се пролонгира пет или шест дена од настанувањето на случајот, вели претседателот на Меѓаши, Драги Змијанац.крај/мф/ем
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
