Контакт

Daily news

Меј категорична: Втор референдум за ЕУ нема да има

Објавено пред

 

Предвремените парламентарни избори во Велика Британија ќе обезбедат стабилност за подолг временски период, изјави премиерот Тереза Меј, цитирана во средата од светските агенции.

Во интервјуто дадено за Би-Би-Си Меј аргументира дека кампањата за едни редовни избори во 2020 година би се совпаднала со клучната фаза од излегувањето на земјата од Европската Унија. Предвремените избори одговараат на националните интереси на Велика Британија, изрази увереност таа.

Освен тоа, Меј истакна, цитираат светските агенции, дека „опозициските партии имале намера да го попречуваат процесот на Брегзит”.

Се очекува Велика Британија да ја напушти ЕУ во март 2019 година, забележуваат агенциите.

Предвремените избори што ќе се одржат во јуни значат дека Британците повторно ќе гласаат во 2022 година, но тоа на премиерот ќе му обезбеди повеќе простор за маневрирање во преговорите со Унијата.

Втор референдум за членството на Велика Британија во ЕУ нема да има, додаде Тереза Меј во интервјуто за ББС.

Таа изрази уверување дека преговорите со Унијата за Брегзит може да бидат завршени во предвидениот рок од две години. Инаку, вчера Меј изненадувачки повика на предвремени избори, кои ќе се одржат на 8 јуни.

Денеска Долниот дом ќе се произнесе по нејзиното барање. Се очекува Долниот дом на британскиот Парламент да го одобри нејзиниот предлог.

За свикување избори на Меј ѝ е потребна поддршка од две третини од членовите на Долниот дом. Конзервативците и лабуристите држат вкупно над 80 проценти од местата во Долниот дом на британскиот Парламент..крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Израел: Го прекинуваме контактот со Каја Калас

Израел најави прекин на контактите со шефицата на европската дипломатија Каја Калас поради наводи дека таа го споредила односот на...

Македонија40 минути

Румен Радев: Немам што повеќе да му кажам на Мицкоски

Политичкото раководство на Република Северна Македонија прави сè што е можно за да го одложи членството на неговата земја во...

Македонија51 минута

Над 79.000 деца не посетуваат градинка, се предлагаат ваучери за приватни установи

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски, претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, ги изнесоа...

Култура55 минути

Бурхан Шабан во Скопје – концерт на еден од најзначајните интерпретатори на духовна музика на Балканот

Македонската публика ќе има можност да присуствува на концерт на Бурхан Шабан, истакнат уметник, хафиз и еден од најпрепознатливите изведувачи...

Култура1 час

Премиера на новата претстава „Интервју“ на сцената на Турски театар

На 19 јуни (петок), со почеток во 20:00 часот, на сцената на Турски театар ќе се одржи премиерата на претставата...

Забава1 час

(Видео) Изнајмија куќа на плажа, ангажираа хрватска ѕвезда: Се појави снимка од прославата, Ноле и Јелена танцуваат како никогаш досега

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа колку е внимателен како сопруг, организирајќи ѝ на својата поубава половина, Јелена Ѓоковиќ,...

Македонија2 часа

Директорот на БЈБ Јанев: Македонската и италијанската полиција ги продлабочуваат партнерството и заедничката борба против современите безбедносни закани

Со поддршка на проектот EU4FAST-WB, координиран од програмската канцеларија EMEA за Европа, Блискиот Исток и Африка при Централната дирекција за...

Македонија2 часа

„На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“, порача Мемов

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на Тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од...

Забава2 часа

(Фото/Видео) Таа секогаш има причина да се соблече: Божицата на провокацијата ги откри и градите и задникот

Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави во кои позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Не...