Контакт

Daily news

Митови околу апликација на ботокс

Објавено пред

До пред неколку години зборот ботокс тивко се кажуваше. Околу неговата апликација сé уште има мистерија и многу митови кај нас. Оттаму, д-р Анета Петрушевска Кокалевска, специјалист дерматовенеролог во Дерматолошко естетска ординација „Д-р Анчевски“ смета дека е неопходно да се разјаснат некои од нив, иако во светот се работи многу години, со одушевување е прифатен и нема многу непознатици околу неговата ефикасност и безбедност.

dobivaj vesti na viber

 
„Што е ботокс?“ е, секако, првото прашање што се поставува. Ботокс е прочистен протеин кој доаѓа од бактеријата Clostridium Botulinum. Тоа е нехируршки третман администриран од дерматолог и хирург којшто може привремено да ги редуцира средно тешките и тешките облици на брчки меѓу веѓите кај луѓе омеѓу 18 и 65 годишна возраст. Мало количество ботокс се вбризгува во мускулот и ги блокира нервните сигнали на мускулите за контракција. На тој начин привремено ги ослабнува или ги парализира лицевите мускули и ги измазнува или елиминира брчките на кожата на неколку месеци, порјанува д-р Петрушевска Кокалевска.

Мит 1: Ботоксот е болна процедура?!
Ботоксот се аплицира со многу мали и претенки специјано дизајнирани инјекции во делот на лицето каде што е потребно. Нема потреба од анестезија бидејќи процедурата скоро и да нема да ја осетите.Доколку сепак сте хипер осетлива особа може да побарате апликација на крем за локална анестезија.

Мит 2: Ботокс предизвикува замрзнато лице без лицева експресија.
Меѓу мускулите на лицето постои хармонична рамнотежа. Ако премногу се вбризгува ботокс, може да се предизвика и ваков ефект.Сепак доколку лекар специјалист го прави овој третман ќе внимава да инјектирa мали дози во одредени мускули a ефектот ќе биде природно ублажување на несаканите линии и брчки без да се загрози вашиот израз на лицето.

Мит 3: Секој може да администрира ботокс.
Ботокс треба да се дава единствено од страна на искусни специјалисти , дерматолози и пластични хирурзи и секако да биде аплициран во медицинска установа.

Мит 4: Ботоксот е отров и може да биде штетен за козметички употреба.
Ботоксот не е отров. Тоа е, всушност, лекарски препишан производ. Исто така е еден од најшироко истражуваните лекови во светот и милиони пациенти го користат. Покрај тоа, производот е дозволено да се ракува само од страна на обучени специјалисти. Во микро количини, ботулински токсин тип А обезбедува добри резултати за измазнување на линиите на лицето, хиперхидроза итн. a има FDA одобрување од американската асоцијација за лекови и процедури.

Мит 5: Запирање на администрирање ботокс предизвика различен изглед од порано.
Ботокс ефектите може да траат четири do шест месеци. Кога дејството на лекот ќе исчезне, вашето лице се враќа во состојбата пред третманот.

Мит 6: Ботоксот не е за мажи.
Мажите се индивидуи со истиот број и позиција на мускули како и жени и формираат брчки на ист начин. Бројот на мажи кои аплицираат ботокс е голем и постојано расте.

Мит 7: Ботоксот може да предизвика ботулизам.
Ботоксот е направен од прочистен протеин. Штетниот дел е изгубен во процесот на прочистување и она што останува е протеин во прочистена форма.

Мит 8: Ботокс третман може да се направи само еднаш.
Ботокс третманот може да се повтори онолку пати колку што вашата состојба и индивидуална желба дозволува. Кај повеќето пациенти, ефектот обично трае до 4-6 месеци.

Мит 9: Многу креми се подобри од ботокс.
Кремите достапни на пазарот за мазнење брчки и линии предизвикани од муртење се површински креми и се аплицирараат на површината, надворешно. Но со ботоксот се делува на мускулите кои се наоѓаат во внатрешните слоеви и кои всушност се одговорни за формирањето на брчките. Ботоксот делува во насока на релаксација на мускулите и прави кожата да изгледа мазно. Ефектот од кремите према тој од ботоксот нема споредба.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Деца силувале дете во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција

Maж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син. Според информациите во полицијата, таткото рекол...

Македонија5 часа

Приведени пет лица за случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, полицијата обезбеди и едно возило

Пет лица се приведени доцна синоќа во врска со случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, и обезбедено е едно возило,...

Македонија6 часа

Ковачевски вели дека не постои расположение сега да се укине техничката влада, туку од следните избори

Не постои консензуално расположение сега на краток период пред одржување на изборите да се укине техничката влада. Ова го истакна...

Македонија9 часа

(Видео) Автомобил удри во мечка кај Тетово – полесно повредени децата во возилото

Доцна синоќа на локалниот пат Тетово – Ноштено , автомобил удрил во млада мечка која го минувала патот заедно со...

Регион9 часа

Случаен избор или порака – сите очи вперени во вратоврската на кралот Чарлс со грчкото знаме

Изборот на вратоврската од страна на британскиот крал Чарлс на конференцијата COP28 во Дубаи поттикна шпекулации дека тоа е шифрирана...

Регион10 часа

Не сакав да седам на маса со земји кои не’ прогласија за непријатели, рече бугарската министерка која го напушти Скопје пред да стигне Лавров

Не можам да седам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации, изјави бугарската вицепремиерка и министерка...

Македонија10 часа

Шести ден ни трага ни глас од исчезнатата Вања, се пребаруваат и подруми и речни корита

Шести ден се трага по исчезнатата Вања Ѓорчевска, на која и’ се изгуби трагата на пат кон училиштето „Песталоци“. Во...

Свет10 часа

Војната во Газа повторно се разгорe: Израел нападна 400 цели, Хамас тврди дека се убиени 240 луѓе

Израелската војска соопшти дека погодила повеќе од 400 цели во Појасот Газа по истекот на прекинот на огнот, при што...

Македонија11 часа

Скопје повторно на врвот на листите на загаденост на воздухот

Скопје и оваа зима е загадено. Откако синоќа повторно градот се проби меѓу првите 10 држави во светот според загаденоста,...

Македонија22 часа

Лавров се врати во Москва прегу Грција и Турција: Министерот за надворешни работи на Русија најбараниот гостин во Скопје

Авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој присуствуваше на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ во...

Свет24 часа

Путин потпиша нова уредба како одговор на агресивната активност на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одредување на бројот на редовни припадници на вооружените сили на Руската Федерација, соопшти...

Свет1 ден

Обновени судирите меѓу израелската армија и Хезболах: две лица загинаа во јужен Либан

Израелската армија соопшти дека погодила „терористичка ќелија“ во јужен Либан, а либанскиот Хезболах ги обнови нападите врз Израел. Две лица...

Македонија1 ден

Зеќири за казната затвор: Јас само спроведов предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, ќе се жалам

Ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, рече дека две и полгодишната затворска казна е неоснована и дека преку адвокатскиот тим...

Македонија1 ден

Лавров: Со години имавте понижувачко име, Западот ги подбуцнува народите на Балканот

Балканот има проблеми поради однесувањето на Западот, оценува министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. На прашање за македонско-бугарските...

Македонија1 ден

Неколку стотини полицајци ја бараат исчезнатата Вања: проверени подруми, речното корито на Вардар, околните цркви и манастири  

За пронаоѓање на исчезнатото 14-годишно девојче досега се пребарани речното корито на Вардар, сите подрумски простории, не само во околината...

Македонија1 ден

(Во живо) Втор ден министерски совет на ОБСЕ

Денеска е вториот ден од триесеттиот министерски совет на ОБСЕ, кој се одржува во главниот град на Северна Македонија, Скопје....

Македонија1 ден

„Поради нерационалноста на Арсовска ќе се исплатат 1,5 милион евра долг кон приватните превозници и непотребни 1,5 милион денари камати и судски трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„На виделина излезе дека ЈСП, раководено од страна на кадарот на Данела Арсовска и СДС, на приватните превозници им должел...

Економија1 ден

Се враќа евтината тарифа на струја, сега 11 часа дневно e достапна за граѓаните, велат СДСМ

„Евтината тарифа на електричната енергија од денеска се враќа кај домаќинствата. Сега домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа...

Македонија2 дена

Пожар во три објекти во Охрид, голема материјална штета, извести ЦУК

Според последниот 24-часовен извештај на Центарот за упраување со кризи, од вкупниот број 1.509 повици на Единствениот број за итни...

Свет2 дена

Нетанјаху за крајот на примирјето: Хамас нè нападна, не сакаше да ослободи уште заложници

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Хамас не се согласил да ослободи дополнителни заложници, со што ги прекршил условите...