Контакт

Daily news

МНР: Нема загинати или повредени македонски државјани во нападот во Манчестер

Објавено пред

Нема загинати или повредени македонски државјани во синоќешниот терористички напад во Манчестер, соопштуваат од МНР.

dobivaj vesti na viber

„Министерството за надворешни работи на Република Македонија силно го осудува синоќешниот терористички напад во Манчестер, во кој загинаа 22 невини млади луѓе, а околу 60-тина се повредени. Во постојана комуникација со Амбасадата на Република Македонија во Лондон, МНР ја известува јавноста дека меѓу загинатите и повредените досега не се евидентирани македонски државјани“, велат од МНР.

По повод трaгичниот настан во Манчестер, шефот на дипломатијата, Никола Попоски, упати писмо со сочувство до државниот секретар на Комонвелтот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Борис Џонсон.

„Со длабок шок и огорченост ја примив веста за ужасниот терористички напад во Манчестер во кој настрадаа поголем број деца и млади луѓе. Република Македонија стои, рамо до рамо, во одлучна солидарност со Обединетото Кралство, неуморна во борбата за заедничката одбрана на безбедноста и слободите на нашите граѓани. Само со заедништво и меѓусебна соработка нашите нации никогаш нема да потклекнат пред ова зло“, се вели во писмото на Попоски.

Амбасадата на Република Македонија во Лондон останува на располагање за поконкретни информации, преку контакт-телефонот: 00442079760535 или на електронските адреси на Амбасадата: [email protected] и [email protected]



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа14 минути

(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална

71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на...

Регион22 минути

(Видео) Курти убедливо победи на предвремените избори

Партијата на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово во недела, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила...

Свет28 минути

(Видео) Воз со 250 патници излета од шините во Мексико, 13 мртви

Мексиканските власти вчера соопштија дека најмалку 13 лица загинале во железничка несреќа во државата Оахака. Речиси 100 лица се повредени...

Свет35 минути

Макрон најави нов состанок на Коалицијата на волните

Францускиот претседател Емануел Макрон најави состанок на сојузниците на Киев во Париз на почетокот на јануари за безбедносни гаранции за...

Свет38 минути

Фон дер Лајен: Постигнат е добар напредок во преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави „добриот напредок“ постигнат вчера во мировните преговори за Украина. Нејзината...

Свет40 минути

(Видео) Трамп: Путин сака Украина да успее

Доналд Трамп ја изложи својата визија за улогата на Русија во повоената обнова на Украина, велејќи дека Москва ќе биде...

Македонија1 час

Непречен сообраќај по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален...

Топ11 часа

Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра

На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила. Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето...

Свет11 часа

(Видео) Трамп: Преговорите се во финална фаза, можен е брз крај на војната – состанокот со Зеленски е во тек

Во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида започнаа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавени беа и...

Свет17 часа

Зеленски пред средбата со Трамп: Многу работи можат да се решат пред Нова година, одлуката зависи од партнерите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев прави сè за да ја заврши војната со Русија, но дека на...

Топ18 часа

Хаос во центарот на Скопје: „Сеат“ удри во три паркирани автомобили, контејнери, автомобили во движење и семафор

Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало...

Култура19 часа

Почина Брижит Бардо

Француската актерка Брижит Бардо починала денеска на 91-годишна возраст, пренесе „Гардијан“. Бардо, француска актерка и пејачка која стана меѓународен секс-симбол,...

Македонија20 часа

СДСМ: „Златната виза“ не е злато, туку налепница во пасош

Опозициската СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како измислени вести и дефокус од главните теми. Од СДСМ наведуваат...

Свет21 час

Донбас и Запорожје во фокусот на разговорите Зеленски–Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат попладнево на Флорида за да разговараат за планот...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги објави документите или да одговори од каде 500 илјади долари за златна виза во Дубаи и инвестиции

Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на...

Свет23 часа

Сојузниците му дадоа поддршка на Зеленски пред средбата со Трамп на Флорида

Сојузниците му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп...

Македонија1 ден

Родителите за загинатите деца во Пулс со порака: Пред Нова година и Божиќ кога сите се радуваат, ние живееме во болка

Со солзи и голема болка денеска маршираа низ кочанските улиците семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Во...

Македонија2 дена

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања, кои, како што велат оттаму, се направени во отворена координација...

Македонија2 дена

Таткото на загинатата Надица во „Пулс“: До последен здив ќе се борам за правда за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати...

Свет2 дена

По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев

Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија. Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални...