Daily news
Могерини во прва посета на Русија
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини замина во прва посета на Русија, каде ќе има средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Главна тема на разговорите, според агенциите ќе биде Сирија но на агендата се и Либија, Блискиот Исток, Иран, Авганистан и конфликтот во Источна Украина.
Могерини и претходно имаше состаноци со Лавров на маргините на меѓународните самити но првпат е во официхална посета на Москва.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
