Контакт

Daily news

Могерини реши да го покани Заев на средбата со лидерите од Западен Балкан

Објавено пред

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, ја реши дилемата околу тоа кој в среда во Брисел ќе присуствува на вечерата со неа и другите лидери од Западен Балкан. Според информациите на Макфакс од дипломатски извори во Брисел, Могерини дефинитивно го поканила лидерот на СДСМ и нов мандатор, Зоран Заев, да дојде во Брисел и да присуствува на овој настан.

Изборот на претставникот од Македонија не беше единствен проблем за Могерини, бидејќи сè уште не се знае ниту кој ќе дојде од Косово и од Србија, и покрај тоа што Александар Вучиќ тукушто беше избран на претседател и е актуелен српски премиер.

Состанокот ќе се одржи в среда попладне, ќе биде неформален и по него ќе следи официјална изјава на Могерини. Ова ќе биде и официјална политичка промоција на Заев во Брисел и прва на меѓународен план откако го доби мандатот.

Средбата ќе се случи на ден пред доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп во ЕУ и на самитот во НАТО.

Од Брисел за Макфакс, Слободанка Јовановска

Најново

Спорт1 час

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт1 час

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт2 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт2 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт2 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт2 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт3 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт5 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника6 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...