Контакт

Daily news

(Видео) На рака се делеле предмети во кривичниот и во Врховниот суд

Објавено пред

На рака се делеле предмети во кривичниот и во Врховниот суд, покажа извештајот на работната група на АКМИС – Автоматизираниот информациски систем за управување со судските предмети, што на прес-конференција го презентира министерот за правда, Биљен Саљији.

Во согласност со извештајот, само во кривичниот суд за 2 години 10 пати се менувал распоредот на судии, а во Врховен само во септември 2017 распоредот на судии бил сменет 9 пати. Судии што судат кривични предмети биле префрлани во граѓанскиот оддел на Врховниот суд, а за 860 предмети во кривичниот не бил доделен судија.

Предметите во кривичниот суд биле доделувани само со јавување на претседателот на судот во писарницата и со негов потпис. Во судот не е формирано работно тело за управување со движење на предметите во судовите, не се донесени внатрешни процедури за одделни процеси при управувањето со движењето на предметите. Министерот рече дека не бил користен модулот за автоматска распределба на предметите, а распоределбата се вршела рачно. Стручен соработник избирал кривичен совет кои судии ќе го реферираат предметот. Биле исклучувани судии од автоматската распределба на предмети и тоа без изготвување писмена одлука и без образложена причина.

Саљии рече дека во Врховниот суд со промена на годишниот распоред на судии наместо случаен, се добивал очекуван избор на судии. Не сакаше да ги потенцира имињата на претседателите на судовите кај кои се откриени злоупотереби на процедурите. Рекоа дека тоа според извештајот е повеќе од јасно. Според она што беше изнесено станува збор за судиите Јово Вангеловски, Владимир Панчевски, Татјана Михајлова и Стојанче Рибарев.

Од Врховниот суд  најавија реакција за овие наводи за в понеделник.

В. Маглешов

 

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Димитров: Влогот е огромен, ЕУ да нѐ третира со достоинството што го заслужуваме

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска, на вториот ден од неформалниот состанок на министри за европски...

Македонија5 часа

И Катица Јанева е спроведена во „Идризово“

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е спроведена од домашен притвор кој го издржуваше во Гевгелија во затворот „Идризово“, каде...

Македонија6 часа

Регистрирани нови 36 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на...

Спорт6 часа

Македонското знаме се развиори на олимпискиот стадион во Токио

Македонската олимписка експедиција со осум спортисти и се претстави на светската спортска јавност при претставувањето на свеченоста на отворањето на...

Македонија8 часа

(Видео) Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов одликувани со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за...

Македонија9 часа

Судот ги ослободи Мијалков и поранешните „алфи“, нема доволно докази дека го малтретирале Бошкоски

Кривичниот суд ги ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина припадници на поранешната полициска единица „Алфа“...

Свет10 часа

ЕУ досега донира само три проценти од ветените вакцини, повеќето се од „Астра зенека“

Членките на Европската Унија досега донираа само мал дел од вишокот вакцини против Ковид-19 на сиромашните земји, претежно од „Астра...

Европа11 час

Француски професор: Враќањето во нормала можеби ќе биде дури во 2023 година

Враќањето во нормалa поради пандемијата на коронавирусот може да се очекува во 2022 година, но дури и во 2023, изјави...

Спорт12 часа

Денеска официјално започнуваат 32. Олимписки игри во Токио – Македонија со 8 претставници

Во Токио денеска во 13 часот по средноевропско време ќе бидат отворени 32. Олимписки игри кои е планирано да траат...

Топ12 часа

Запленета марихуана вредна речиси 150.000 евра, уапсени двајца поранешни вработени во МВР

Полицијата заплени марихуана вредна речиси 150.000 евра. Дрогата од Албанија преку Македонија требало да стигне во Грција, а организатор на...

Македонија13 часа

Пендаровски ќе ги одликува Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски ќе ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за...

Македонија23 часа

Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“ за да ја издржува казната од девет години затвор

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, попладнево од домашен притвор бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна...

Топ1 ден

Стрелиште во Гази Баба нелегално продавало муниција, кај негови клиенти пронајдени 300 куршуми

Секторот за оружје при МВР извршил контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена...

Македонија1 ден

Заев: СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на локалните избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево преку социјалните мрежи потврди дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се договориле СДСМ...

Македонија1 ден

Антикорупциската бара градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски малверзации

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на...

Топ1 ден

Загина 21-годишно момче, со камион паднало во Вардар

Момче на 21-годишна возраст загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар. Возилото е сопственост на фирма од Куманово. Момчето...

Топ1 ден

Ресенец испраќал пораки дека има бомби на повеќе локации во Охрид

Четириесет и шестгодишен ресенец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено...

Македонија1 ден

Заев: Пописот нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства

Во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ премиерот Зоран Заев зборуваше за исходот од претстојниот попис за кој изрази уверување дека...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Сѐ уште ги истражуваме сите легални начини како Груевски да биде вратен во земјата

Северна Македонија и понатаму ги истражува сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад со цел да...

Регион2 дена

(Видео) Протести против вакцинацијата во Грција, полицијата употреби солзавец и водни топови

Грчката полиција употреби солзавец и водни топови во Атина за да ја растера толпата што протестира против вакцинацијата против коронавирусот....

Досие