Контакт

Daily news

На шарените им останале над 12 илјади евра – со нив ќе ги плаќаат прекршоците и казните

Објавено пред

Откако за „Макфакс“ и „А1он“, Алек Гочев, активистот на шарената револуција, изјави дека од МВР му стигнало да плати прекршочна глоба, тој на неговиот ФБ-профил објави дека со преостанатите 12 илјади евра, кои биле собрани, ќе им се плаќаат паричните глоби и казните на другите активисти. Од собраните средства во кафе-барот „Излет“ им останале 603 илјади денари и 2640 долари.

„Досега од тие пари се потрошени 80 илјади денари за казните за активисти на шарената револуција во Штип, 136,000 денари за казните за кафе-барот ‘Излет’, 100 илјади денари за ангажирање механизација за време на поплавите, 25,500 денари за трошоци за постапка за притворените од 5 мај и 10,400 денари трошоци за закуп на сеф“, напиша Гочев.

Тој ги повика сите соборци и соборки кои имаат парични казни за нивните активности во протестите на шарена револуција да му се обратат нему или на другите. „Казните (кривични и прекршочни) ќе бидат исплаќани по редоследот на нивната правосилност. Правосилни прекршочни казни се оние кои пристигнуваат во розово плико. За тие кои пристигнуваат во сино плико се’ уште може да биде поднесена жалба и доколку се запазени роковите, тие ќе ги доставиме кај нашите пријатели во адвокатското друштво ‘Давидовиќ и Јанковиќ’ за понатамошо постапување“, пишува Гочев.

Во објавата наведува дека прават напори и за обезбедување на средствата што можеби ќе им недостигаат имајќи ја предвид големата бројка на казни (кривични и прекршочни) и високата сума што би била потребна за нивно подмирување.

В. М.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен...

Спорт5 часа

Симеоне и Флик се горди на своите фудбалери

Атлетико Мадрид, по девет сезони повторно ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите. На „Метрополитано“ во Мадрид, Барселона го победи...

Спорт6 часа

Слот не знае што прави – Гомез влезе во 45-та, го напушти теренот во 67-та минута

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, направи малку бизарен потег во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен....

Спорт6 часа

Поранешен судија од Ла Лига: Ерик Гарсија заслужи црвен картон

Атлетико Мадрид, прв пат од 1997 година, загуби натпревар во нокаут фазата на домашен терен, но сепак успеа да ја...

Спорт6 часа

Екитике тешко се повреди, со солзи и на носилки го напушти теренот

Ливерпул испадна од европскиот првак, ПСЖ, во четвртфиналето, во Лигата на шампините. ПСЖ победи и во реваншот со 2:0 и...

Спорт7 часа

(Видео) Дембеле и на „Енфилд“ го реши Ливерпул

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, избори пласман во полуфиналето. „Светците“ и во реваншот го победија Ливерпул со...

Спорт7 часа

(Видео) Барселона победи во Мадрид и испадна

Барселона го победи Атлетико во Мадрид (2:1), но испадна од Лигата на шампионите. Пресуди првиот натпревар во Барселона и победата...

Свет9 часа

Шпанска министерка: Израел ми забранува влез, а Европската комисија не презема ништо

Шпанската министерка за труд и социјална економија, Јоланда Дијаз, ги опиша изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за папата Лав...

Свет9 часа

Прва реакција од израелските власти по нападот од Италија

Откако Италија го суспендираше продолжувањето на договорот за одбрана со Израел поради тековната војна на Блискиот Исток, што претставува голема...