Контакт

Daily news

На 23 мај ново рочиште за „Маѓар Телеком“ во Македонија

Објавено пред

Иако обвинетите Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, кои се товарат за злоупотреба на службената положба, шест години се недостапни за органите на прогонот, на 23 мај, во Кривичниот суд е закажано ново рочиште за предметот „Маѓар Телеком“.

Од Кривичниот суд за Макфакс потврдија дека последното рочиште за овој предмет е од 20 април, а било одложено бидејќи не бил присутен јавниот  обвинител, кој уредно го известил судот дека е спречен да присуствува на рочиштето.

За овој предмет прво постапувал судијата Седат Реџепагиќ, првото рочиште било закажано на 26.10.2011 година и до крајот на 2014 година биле закажани  вкупно 8 рочишта кои биле одложени бидејќи обвинетите не биле присутни  или не било добиено известие дали истите се уредно повикани на рочиште.

Согласно годишниот план за работа на судот, предметот потоа е наследен  од судијата Александар Милошевски и биле закажани 3 рочишта во текот на  2015 година кои биле одложени бидејќи судот не добил известие дека  обвинетите се уредно повикани или поради отсуство на еден бранител.

Судењата биле закажувани со ова темпо, по 2 до 3 во текот на годината со оглед на тоа што судот барал, со замолница преку Министерството за правда на Р Македонија, по дипломатски пат на обвинетите да им се достават обвинителен акт и покана за расправа, преведени на нивниот јазик, во матичната земја на адресите што се дел од списите на предметот, истовремено што за реализирање на меѓународна замолница се потребни 6 месеци, а тој процес воопшто и не е во надлежност на судот. Согласно годишниот план за работа, предметот потоа го наследува судија Ленка Давиткова и во текот на 2016 година биле закажани вкупно 9 рочишта од кои 5 биле одржани, а 4 се одложиле по барање на одбраната, отсуство на бранител или барање за увид во предметот.

Во 2017 година биле  закажани вкупно 7 рочишта, од кои 5 биле одржани, а две се одложиле по барање на странките, вклучувајќи го и последното од 20 април. Предметот е во фаза на доказна постапка, односно сослушување на сведоци при што досега сослушани се сведоци предложени од обвинителството и еден сведок предложен од одбраната.

Aдвокатот Ненад Јанаќиевиќ не беше достапен за коментар. Случајот „Маѓар телеком“ финишира во САД, а кај нас заглавен во обвинителствата и во судовите. Во Македонија во моментов се водат две постапки за „Маѓар телеком“, кои, иако се почнати поодамна, намерно или не, никако да мрднат од мртва точка. Поранешните директори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб и Андрас Балог, кои беа обвинети за водење тајни договори со премиер и со други лица од Македонија за да ја спречат конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар, се спогодиле да платат парични казни од 250.000, односно 150.000 долари, соопшти Американската комисија за хартии од вредност.

Васко Маглешов

 

Најново

Спорт4 часа

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт4 часа

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт4 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт4 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт5 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт5 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт5 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт7 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника8 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...