Контакт

Daily news

Нешта што не се купуваат со пари

Објавено пред

Знаење и искуство
Можете да имате диплома од најскапите факултети во светот, но скапото образование нема да ви обезбеди широки познавања или искуство од животните ситуации. Исто така, во животот често успеваат оние кои имале малку, но со својата мудрост, знаење и искуство успеале да создадат нешто.

Искрена љубов
Љубовта е онаа вредност во животот која секој тежнее да ја стекне, а истата дава чувство на посебност и благослов. Исто како и кај пријателството, парите можат да купат привремена љубов, минлива и површна. Но, онаа вистинската искрена и длабока љубов може да ја добиете само доколку исто толку силно љубите.

Здравје
Медицината, најскапите клиники и лекови не можат сѐ. Човечкото знаење не може да ги совлада болестите, особено оние на модерното време. Студиите покажуваат дека побогатите луѓе почесто имаат здравствени проблеми, поврзани со стресот што го доживуваат околу стекнување и задржување на богатството.

Внатрешен мир
Залудно е цело богатство ако немате мир во својата душа. Богатството само по себе не е категорија што ја храни душата и дава чувство на емоционална стабилност. Внатрешниот мир се јавува со искрени односи према себе и другите.

Вистински пријатели
Богатите луѓе имаат широк круг познаници и „поддршка“ околу себе, но вистинското прашање е дали нивните пријатели се вистински или само од интерес. Искреното пријателство е една од најважните вредности во животот.

Почит
Почитта и довербата не може да се купат со пари. Секој човек посакува да биде почитуван во друштвото, а најдобар начин да се постигне тоа е напорна работа, скромност и емпатија.

Среќно семејство
Семејството има голема улога во созревањето и формирањето ставови во животот. Среќните семејства имаат позитивно влијание на нивните членови, додека семејствата чии членови се „ладни“ и имаат далечни односи резултираат со чувство на осаменост. Тоа не може да се надомести ниту со најскапите подароци, одмори или имот.

Среќа
Водечкиот мотив и двигател во животот е оваа цел која секој сака да ја постигне, иако сите луѓе немаат иста перцепција за тоа што за нив е среќа. Таа се крие онаму каде најмалку ја забележуваме и многу од нас не се свесни за нејзиното постоење.

Време
Најдрагоцениот подарок што можете да го дадете некому е вашето време бидејќи со него подарувате дел од својот живот што не може да го вратите назад. Луѓето кои го минуваат својот живот насочени на материјалните нешта не можат да влијаат времето да минува бавно или, пак, да надоместат пропуштена шанса.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Американски претставник: Иран се обврзува трајно да се откаже од нуклеарно оружје

Висок претставник на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор со новинари откри детали за напредокот на преговорите...

Спорт39 минути

Папата стана почесен член на Реал Мадрид

Папата Лав XIV стана почесен член на Реал Мадрид, објави „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Назначувањето е направено со...

Спорт44 минути

Инфантино со ефтина шега предизвика бес во Италија

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повторно се најде на мета на јавни критики, овој пат во Италија. На „чизмата“, неговата...

Свет45 минути

Русија развива сателитски систем за управување со борбени дронови

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија развива сателитски систем за управување со борбени дронови, за време на состанок со...

Спорт51 минута

Фудбалерот, обвинет за силување, може да заборави на Светското првенство

Репрезентацијата на Гана се соочи со сериозен проблем, пред почетокот на Светското првенство, бидејќи на играчот од средниот ред Томас...

Свет2 часа

Премиерот на Пакистан: Постигнат конечниот текст на мировниот договор меѓу САД и Иран

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, денеска објави дека е постигнат „конечен, усогласен текст на мировен договор“ меѓу САД и Иран....

Македонија2 часа

Родители на деца со канцер повикаа на финансиска поддршка од државата на средбата со Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Народната канцеларија во Скопје се сретна со претставници на граѓанското здружение „САНО“, коешто ги обединува...

Свет2 часа

(Видео) Пентагон објави нови снимки од НЛО: Сведоците опишуваат црвени топки и необични светла

Американското Министерство за одбрана денеска го објави третиот пакет декласифицирани документи за неидентификувани аномални појави (UAP), официјалниот термин што американските...

Забава2 часа

На позната плажа на Сардинија забранети чадори за сонце

На една од најпознатите плажи на Сардинија, Пунта Молентис, воведена е забрана за користење чадори за сонце за поголемиот дел...