Daily news
Никола Наумовски – шеф на кабинет на Петре Шилегов
Никола Наумовски ќе биде шеф на кабинет на новиот градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов.
Оваа информација за А1он ја потврди лично Наумовски. Тој беше дел од изборната кампања на Петре Шилегов, кој имаше над 40 илјади гласови повеќе од досегашниот градоначалник Коце Трајановски, кој ја изгуби градоначалничката тргка уште во првиот круг од локалните избори.
– Не сакам да бидам јас главната ѕвезда во целата ситуција туку во фокусот треба да остане работата на новиот градоначалник и Градот Скопје, вели Наумовски за А1он.
Тој неколку години наназад е дел од граѓанските здруженија и невладини организации чија цел беше подобрување на состојбите во главниот град на Македонија.
Наумовски важи за добар познавач на градските проблеми и негова работа во иднина ќе биде да се грижи за агендата на новиот градоначалник Петре Шилегов, како и да води сметка за неговите активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
