Daily news
Новиот албум на Шакира ќе излезе на 26 мај
Колумбиската поп ѕвезда Шакира (40) објави на социјалната мрежа Твитер дека на 26 мај ќе го објави својот нов албум, наречен „Ел Дорадо“. Ова ќе биде 11. стидиски албум на поп ѕвездата и прв по пауза од три години.
Шакира, како најава за овој албум, кон крајот на минатата година го објави синглот „Chantaje“, а минатиот месец албумот го најави со свториот сингл „Me Enamore“. Овој сингл говори за нејзиниот однос со сопругот, фудбалерот на Барселона Џерард Пике.
Шакира е една од најпродаваните латиноамерикански музичарки во историјата на музиката. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
