Daily news
Норвешка праќа војска на границата со Русија
Норвешка минатиот петок објави дека планира да прати вооружена единица на арктичката граница со Русија и да купи тенкови и артилерија како одговор на сè поголемите закани.
Норвешката министерка за одбрана директно не ја спомена Русија и истакна дека Норвешка во моментов не е соочена со некоја конкретна воена закана.
Членките на НАТО и другите соседни држави на Русија се загрижени поради амбициите на Москва, особено по припојувањето на Крим во 2014 година и руските воени вежби во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
