Контакт

Daily news

Обвинителство бара дополнителни вештачења за смртта на лекарката од Нефрологија

Објавено пред

Два месеца од мистериозната смрт на лекарката од Нефрологија, Обвинителство ги проучува вештачењата за расветлување на овој случај. Основното јавно обвинителство – Скопје побарало дополнителни вештачења од Институтот за судска медицина и криминалистика и Министерството за внатрешни работи, велат за Макфакс од обвинителството.

По пристигнувањето и анализа на истите, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, додаваат оттаму. Дали веќе имаат првични сознанија од ДНК анализата, од видеонадзорот, како и дали е завршена фазата на сослушување, од обвинителството не одговорија.

Телото на 53-годишната Ј.М.С. беше пронајдено во станбен објект, во близина на Клиничкиот центар, со убодни рани од нож, во пределот на вратот и рацете.

Најново

Економија4 минути

(Видео) Филипче: Македонија е на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот бруто-домашен производ (БДП) по жител, а проценката на Меѓународниот...

Македонија49 минути

Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминале во ЗНАМ

Повеќе од 30 членови на Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров ја напуштиле партијата и преминале во Движењето ЗНАМ...

Црна хроника50 минути

Украдeн паричник од патничка во автобус на ЈСП во Скопје

61-годишна скопјанка пријавила дека ѝ бил украден паричникот со пари и лични документи додека се возела во автобус на ЈСП...

Свет1 час

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија1 час

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет1 час

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника2 часа

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет2 часа

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет2 часа

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...