Контакт

Daily news

Обединување на Исламска држава и Ал Каеда?

Објавено пред

Исламска држава во Ирак и Сирија се наоѓа под голем притисок и го губи тлото под нозете, поради што досега реагираше со атентати, анализира Дојче веле. Сега најверојатно постои можност за повторно приближување со Ал Каеда, тврди потпретседателот на Ирак, Ијад Алави.

„Имаме доверливи информации дека посредници меѓу Исламска држава и Ал Каеда активно работат“ нагласи Алави.

Официјалните изјави од САД и Кина често звучат како да претстојното ослободување на Мосул значи крај на .н Исламска држава, како и на исламистичкиот тероризам воопшто. Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис пред неколку деа изјави дека претседателот Доналд Трамп наредил „промена на тактиката, односно, Исламска држава да не се протерува од освоените подрачја, туку да се исцрпува опкружен во своите упоришта“. На тој начин, според Матис, целосно би се уништила Исламска држава.
Меѓутоа,борците на ИД кои се забарикадирани во Мосул, можеби ќе останат таму борејќи се до смрт. Тоа би можело да го снајде и нивниот лидер Абу Бакр ел Багдади, што би бил голем удар за терористичката организација, бидејќи, посочува Дојче веле, тој е оној кој во Мосул прогласи Калифат.

Од една видео снимка објавена на интернет, за која се смета дека ја испраќа Ајман ел Завахири, може да се заклучи дека тоа приближување се случува.

Во пораката, гласот кој му се припишува на Завахири, на своите приврзаници во Сирија им порачува: „Морате да се обедините со вашите браќа и џихадисти во Сирија и целиот свет. Сведоци сме на христијанска војна против муслиманите“.
Обединувањето на терористичките организации не му оди во корист ниту на првиот човек на Ал Каеда, ниту на лидерот на Исламска држава. Ёникој од нив не сака да се одрече од својата позиција.В.Д



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија4 минути

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

„Во пресрет на утрешната комисиска расправа за измените на Законот за животна средина, ДОМ повторно предупредува дека предложените законски решенија...

Македонија7 минути

Делови од општините Аеродром и Чучер Сандево утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 09.00 до 14.00 часот,...

Македонија10 минути

Дел од општина Центар утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, поради водоводен приклучок од ф150мм на улицата Дана Стуцки бр.18, прекинато водоснабдување...

Забава13 минути

(Фото/Видео) Запомнете го овој изглед: таа спои неспоиво и покажа зошто е кралица на храбрите модни комбинации

Пенелопе Круз важи за жена со стил и вкус, а речиси секоја нејзина модна комбинација раскажува уникатна приказна. Нејзиниот најнов...

Македонија32 минути

Времето утре: претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните...

Забава44 минути

Како да се грижите за косата по 50-тата година? Овие трикови ѝ ги враќаат мекоста и сјајот

Косата се менува со возраста, исто како и кожата. Рутината за нега што некогаш била доволна, можеби повеќе нема да...

Македонија54 минути

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...

Европа56 минути

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...

Спорт59 минути

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...