Контакт

Daily news

Ова се 11 знаци дека сте зависни од интернетот

Објавено пред

Бројот на корисници на интернет секој ден е се поголем па и не не изненадува фактот дека се зголемува и зависноста од интернетот.

Иако многумина сметаат дека се работи за обична работа, зависноста од интернет може да има многу негативни последици, посебно ако го загрозува секојдневниот живот. За среќа, луѓето стануваат се повеќе свесни од овој проблем, кој погодува голем дел од популацијата, а ако се препознае на време зависноста може успешно да се излечи.

Прашајте се колку време дневно поминувате на интернет. Дали сте свесни за тоа време или воопшто не го забележувате? Ако по цели денови висите онлајн и не пропуштате да видите ниту една вест од социјалните мрежи, вие сте зависник.

Не го доведуваме во сомнеж фактот дека интернетот, во многу нешта ни го олесни нашиот секојдневен живот и го направи едноставен и забавен. Сепак, се поставува прашањето како да препознаеме дали поминуваме повеќе време на мрежата на сите мрежи?

За некои е незамисливо да се поминат неколку минути без врска со светот, а ако останат без пристап на интернет, поминуваат низ зависничка криза.

Симптомите кои укажуваат на зависност вклучуваат промена на расположението, растроеност, неможност за контролирање на времето кое го поминувате на интернет, како и се помалата желба за реалниот живот. Проблемот е што оваа зависност многу тешко може да се види, денес кога сите помалку или повеќе сме онлајн.

Значи, како да се препознае зависноста? Еве неколку знаци кои можат да укажат дека имате проблем.

1. Го занемарувате семејството и пријателите
Ако постојано одбивате да излезете со пријателите и сакате да останете дома и да сурфате на интернет, веројатно сте зависник. Сосема е нормално некогаш да не ви се излегува да се дружите со луѓето, но ако поради интернетот веќе подолго време одбивате да излезете, тогаш имате проблем.

2. Се откажувате од други активности
Луѓето кои се зависни од интернет имаат тенденција да ги занемарат останатите активности, во кои порано уживале, како спорт, музика, читање и други нешта. Ако сте забележале дека интернетот станал ваше единствено хоби, време е да побарате помош.

3. Чувстувате еуфорија кога сте онлјан
Зависниците од интернет се најсреќни кога се онлајн, а така ја храните својата зависност. Чувството на зголемена еуфорија кога сте на интернет е поврзано со зависноста или со висок степен на ризик од развој на истата.

4. Имате нарушен сон и нарушено спиење
Ако вашата рутина на спиење драматично е променета, тоа може да биде поради зависноста од интернет. Зависниците најчесто остануваат будни до доцна во ноќта бидејќи не можат да се тргнат од екранот, а потоа идниот ден не можат да се разбудат. Често се јавува несоница.

5. Промена на тежината
Луѓето кои поминуваат долго време пред компјутер најчесто се дебелеат. Причина за тоа е недостиг на физичка активност и нездрава хрнаа која ја јадат по цели денови висејќи на интернет. Од друга страна, постојат и луѓе кои поради својата зависност губат килограми бидејќи нивната зависност е толку силна, што едноставно не можат да се тргнат од компјутерот за да јадат.

6. Проблеми со очите
Постојаното гледање во екранот негативно влијае на нашите очи. Ако чувствувате замор, пецкање и суви очи додека гледате во екранот, можно е да сте претерале со времето поминато пред мониторот и време е да се тргнете.

7. Компулзивно сурфате и пребарувате на интернет
Ако опсесивно пребарувате случајни теми на интернет па поради тоа ги занемарувате другите работи и активности, а сте забележале и дека поради тоа ви се намалила продуктивноста, најверојатно сте зависни.

8. Чувствувате вина и срам поради времето кое го поминувате онлајн
Чувството на вина е знак дека сте свесни дека правите нешто лошо. Луѓето кои се зависни од нешто, најчесто долго време ја негираат својата зависност и не сакаат да признаат дека имаат проблем. Ако чувствувате вина и срам поради времето поминато на интернет, тоа е позитивно бидејќи значи дека сте свесни за својот проблем и така полесно ќе го решите.

9. Лажете за времето поминато на интернет
Овој знак произлегува од претходно наведената точка за чувство на вина. Луѓето кои се срамат од нешто, најчесто лажат за да го сокријат тоа. Ако лажете за времето поминато на интернет, веројатно предолго сте онлајн.

10. Постојано мислите на интернетот
Најверојатно имате зависнички проблем ако сте се фатиле сами себе дека размислувате за интернет додека вршите други активности и не можете да дочекате да бидете онлајн.

11. Поради интернетот трпи вашиот вистински живот
Ако поради интернетска зависност трпи вашиот приватен живот – семејството, пријателите, работата и други обврски, тогаш време е да побарате помош.

Ако кај себе ги препознавте наведените знаци, можеби е време да размислите за овој проблем и да побарате стручна помош пред работите да излезат од контрола.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ36 минути

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија2 часа

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Свет3 часа

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија5 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија6 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет6 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија6 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет7 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ7 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт8 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион20 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет21 час

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија23 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ24 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија1 ден

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија1 ден

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија1 ден

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија1 ден

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Досие