Daily news
Ограбен колонијал во Скопје
Во саботата околу 21.30 часот во Скопје, на улица „Анри Барбис“, во колонијална продавница непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со нож кон вработената од касата го одзел дневниот промет и избегал во непознат правец.
СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
