Daily news
ОМД: Дејствувањето на Конгресната Група за Македонија е од витално значење за зацврстување на американско-македонските односи

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува напорите на Конгресната група за Македонија и Македонските Американци (во понатамошниот текст дефинирани како “Македонската Група”), кои се од клучно значење за зацврстување на американско-македонските билатерални и стратешки односи. Над 30 членови на Конгресот кои вклучуваат Републиканци и Демократи, се дел од Македонската група, чија идна посета на членовите во Македонија како основа за завцрстување на билатералните односи помеѓу земјите, ОМД со нетрпение ја очекува.
Во претходниот период, Групата покрена иницијативи за помош на Македонија на патот кон своето членство во НАТО, како и иницијативи за помош при имплементација на Декларацијата за Стратешко Партнерство и Соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.
Македонија од 1999 е изоставена од агендата за посета на американскиот претседател, од 2003, земјата е изоставена од агендата за посета на Државниот Секретар, додека од 2007, не бележи ни посета од Американски Секретар за Одбрана. ОМД верува дека ова е пропуст на САД во надворешната политика кој допринесе за раст на антиамериканизмот и го олесни патот за мешање во внатрешната политика на Македонија од страна на други земји.
Во прилог на придонесите на Република Македонија за глобалната безбедност во Авганистан, Босна, Ирак и Косово во партнерство со Соединетите Американски Држави, ОМД го повикува Секретарот Рекс Тилерсон да ја посети Македонија што е можно побргу за да го потврди американското пријателство и македонскиот недискутабилен суверенитет и унитарен територијален интегритет.
По обновувањето на Македонската Група за 115-тиот Конгрес, Ко-Претседавачите Дејв Трот (Р-Мичиген-11), Брендан Ф. Бојл (Д-Пенцелванија-13), Стив Стиверз (Р-Охајо-15) и Деби Дингел (Д-Мичиген-12) потврдија дека:
“Македонија е значаен партнер во унапредувањето на напорите на САД за национална безбедност ширум светот. Исто така, Македонската Дијаспора во САД е значаен дел од нашата заедница со свој придонес кон диверзитетот и напредокот на целиот наш народ. Ние сме горди на обновата на Македонската Група за 115-иот Конгрес во насока на истакнување прашања кои влијаат на Македонско-американската заедница и едукација на нашите колеги за значајната улога која Македонија и македонската дијаспора ја имаат во понатамошно зацврстување на американските интереси.”
“Трот, Бојл, Стиверз и лидерството на Дингел, во ова време на неизвесност, се основниот инструмент за подобрување на Американско-Македонското стратешко партнерство, кое бележи пад откако Македонија беше блокирана за учество во НАТО во 2008-та година”, изјави претседателот на ОМД Методија А. Колоски. “ОМД и Македонско-Американската заедница, се подготвени да работат со Македонската Група во зајакнување на билатералните односи, кои ќе ги унапредат интересите и потребите на нашата заедница и вредности на надворешната политика на САД.”
“Суверена и силна Македонија и македонски народ служат во корист на нашите заеднички интереси, поради што ние мора да го поддржиме и не смееме да го потцениме нашиот важен сојузник”, изјави Конгресменот Дејв Трот по провокативните коментари од Конгресменот Дана Рахрабахер (Р-Калифорнија-48), која подоцна изрази извинување по реакциите на ОМД.
Неодамна, Сенаторот Мекејн, претседавачот на комитетот на Сенатот за Вооружени Служби и добитник на ОМД Меѓународна награда за слобода во 2011 година, отпатува во земјите од Југоисточна Европа по чија работна посета следуваше статија во Вашингтон Пост насловена како “Балканот повторно се вжештува, додека Вашингтон никаде го нема”, во која тој наведува дека “По двете светски војни, САД се обврза на Европа која е целосна, слободна и во мир. Ние го сторивме тоа благодарение на генерацијата на државници кои препознаа дека американското лидерство е од суштинско значење за постигнување мир и просперитет во Европа, чија цел што беше и се уште е во националните безбедносни интереси на САД … Согласно, поучени од лекциите од минатото, ние мораме да останеме доследни кон нашата обврска за зачувување на мирот и стабилноста во Југоисточна Европа, без игнорирање на регионот на наш сопствен ризик”, изјави Сенаторот Мекејн во интервју за Гласот на Америка, со дополнување дека не е во ничиј интерес да се види распаѓањето на Македонија.
Основана во 2011-та година од страна на тогашната Конгресменка Кендис С. Милер од Мичиген, Конгресната група за Македонија и Македонските-Американци е двопартиска група на членови на Конгресот посветена на одржување и зајакнување на позитивната и врска со меѓусебна корист помеѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.
ОМД ги охрабрува Американците со македонско потекло да се вклучат и да ги повикаат своите членови на Конгресот да се приклучат на македонската група./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Daily news
Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.
На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.
„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.
Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.
Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.
Daily news
Притворен 23-годишен маж за нападот во Виена

Австриската полиција соопшти дека притворила 23-годишен маж, осомничен за нападот со нож во Виена, при што беа повредени четири лица.
Порпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер, соопшти дека осомничениот бил притворен набргу кога 20-годишен маж прободен со нож бил хоспитализиран со повреди опасни за живот. Полицијата и понатаму истражува дали истото лице го нападнало и тричленото семејство што синоќа беше избодено во центарот на Виена.
Службените лица не објавија детали за идентитетот на осомничениот.
Во полициското соопштение се наведува дека сите членови на семејството, 65-годишен маж, 56-годишна мајка и нивната 17 годишна ќерка, имаат повреди опасни по живот и се одведени во болница. Нивните имиња не се наведени.
Синоќа непознат напаѓач со нож нападна семејство, по што побегна, а за време на бегството повреди уште едно лице.
Daily news
Летовите до Израел ќе поминуваат низ воздушниот простор на Саудиска Арабија

Авион на „Ер Индија“ денеска леташе помеѓу Њу Делхи и Тел Авив во воздушниот простор на Саудиска Арабија, со што се стави крај на 70-годишната политика на Ријад.
Саудиска Арабија, која не го признава Израел, досега не дозволуваше меѓународни летови кон Израел во саудискиот воздушен простор, но промената на оваа политика може да биде знак на одмрзнување на односите меѓу Израел и кралството, со оглед на тоа што и двете земјите ја делат загриженоста за иранското влијание во регионот.
Во понеделникот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека индиската авиокомпанија добила дозвола да прелета над Саудиска Арабија, но неговите зборови не беа првично потврдени ниту од Ријад ниту од седиштето на „Ер Индија“.
Новата воздушна линија заштедува околу два часа лет помеѓу Њу Делхи и Тел Авив, а авиокомпанијата планира да спроведува по неколку вакви летови неделно. Не е соопштено дали правото го добиле и други авиокомпании или тоа важи само за авиони на „Ер Индија“.
- Македонија2 месеци
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news2 месеци
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура2 месеци
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story2 месеци
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија2 месеци
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news2 месеци
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“