Контакт

Daily news

Османи-Рот: Ќе се надомести изгубеното време во евроитеграциите

Објавено пред

Реформскиот процес и евроатланскиот пат на Македонија беа главни теми во разговорот на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, со државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот.

Како што е соопштено од кабинетот на вицепремиерот Османи, двајцата соговорници изразиле оптимизам дека процесот на европска интеграција на земјата е откочен и оти ќе се надомести изгубеното време, за да продолжи земјата непречено да ги спроведува реформите за интеграција во ЕУ.

Османи на средбата во Секретаријатот за европски прашања истакнал дека Германија е силен поддржувач на политиката за проширување на ЕУ и зачленувањето на земјите од Западен Балкан, што го покажала со иницирањето на Берлинскиот процес, посветен на поврзаност, добрососедски односи, регионална соработка и европска интеграција.

Тој изразил очекување дека на самитот во Трст ќе се зајакне перспективата на Западен Балкан преку поддршката на агендата за поврзување и поддршката на инфраструктурните и проектите за енергетика, во чии рамки очекува и одобрување на нашиот инфраструктурен проект за Коридорот 8.

На средбата, Османи го запознал државниот секретар Рот и со Планот 3-6-9 во кој се содржани Итните реформски приоритети на Владата кои ќе бидат спроведени во претстојниот период. Тој посочил дека спроведувањето на реформите и регионалната соработка за интеграција во ЕУ се двете паралелни траектории по кои се движи работата на новата Влада и дека враќањето на патот кон ЕУ е неопходно бидејќи евроатлантските интеграции на земјата остануваат стратешки приоритет на Владата.

Германскиот дипломат денеска се сретна и со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, а вчера разговараше со премиерот Зоран Заев.

Најново

Спорт7 часа

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт8 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт8 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион8 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт9 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет9 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет9 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава9 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион10 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...