Daily news
Парламентот на Албанија, се очекува да свика вонредна седница
Парламентот на Албанија се очекува да свика вонредна седница в понеделник за да се изгласаат Комисиите за изборно гласање и законските измени од законите за владата.
Врз основа на договорот што го постигнаа премиерот Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, изборите ќе се одржат на 25 јуни, а опозицијата ќе влезе во владата.
Таа ќе добие еден вицепремиер и шест министерства каде ќе седнат технички министри. Постигнувањето на договорот го поздрави и Европската комисија.
Комесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан изјавија дека очекуваат негово целосно спроведување и изборите да се организираат според меѓународните стандарди.”Крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
