Daily news
Пекинг воведува електрични такси возила
Пекинг е еден од најзагадените градови во светот, па затоа градските власти најавија дека ќе ги отстранат такси возилата со мотори со внатрешно согорување од улиците и ќе ги заменат со електрични возила.
Во кинескиот главен град моментно има 70.000 таксија. Само за споредба, Њујорк има 13.000.
Замената на сите 70.000 возила со електрични, би чинела околу 1,2 милијарди евра./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
