Daily news
Пожарот крај Москва е локализиран
Големиот пожар што денеска го зафати складиштето за гумени чевли во Литкарино во близина на Москва, конечно е локализиран, соопштија од регионалните служби за итни случаи.
„Пожарот зафати површина од 2.400 квадратни метри “, објавија службите.
Во гаснењето на пожарот беше вклучен и хеликоптер Ми-8, кој повеќе од 11 пати фрлаше вода врз погодените згради.
Пожарот беше прогласен за катастрофа од втора категорија, а поради густиот беше испратена и мобилна лабораторија која ја проценуваше дозволената концентрација на штетни материи во воздухот.
Повеќе од 100 луѓе и 28 разни видови на техника беа вклучени во борбата со огнената стихија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
