Контакт

Daily news

Почнува инклузивниот детски фестивал „Креираме заедно“

Објавено пред

„Скопје филм фестивал“ ја започнува новата инклузивна Детската филмска програма „Креираме заедно“, која ќе почне утревечер (петок,21 април), во 19.30. часот, во „Кинотеката на Македонија“.

Фестивалот во партнерство со Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје, годинава, преку програмата „Креираме заедно“, за првпат во конципирањето на фестивалската програма  ги вклучува и учениците со и без попреченост од  осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и Струмица.

Проектот  се имплементира со поддршка од Европската Унија, како дел  од програмата „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, а е кофинансиран и спроведен од страна на УНИЦЕФ.

На 21 април, во „Кинотеката на Македонија“ ќе бидат прикажани завршните продукти од  работилниците за фотографија, видеозапис и плакат за детската програма . Во фоајето на Кинотеката  ќе бидат изложени фотографиите и цртежите што ги изработија учениците, а по свеченото отворање, ќе бидат  прикажани нивните видеозаписи и дел од филмската програма.

Проектот „Креираме задено“ се имплементираше  во инклузивни училишта во Скопје, Тетово и Струмица  каде беа одржани работилници за фотографија, видеозапис и работилница за плакат, како и обуки за детски права. Во  нив учествуваа вкупно 86 ученици на возраст од 9 до 14 години кои во духот на самозастапување, преку визуелни алатки, говореа за себе и својот свет.

Работилниците ги водеа уметниците: Ване Костуранов (плакат), Наташа Гелевска (фотографија) и Јане Алтипармаков (видеозапис).

Детската филмска програма на Скопје филм фестивал ќе понуди осум куси детски филмови кои уриваат  редица табуа и стереотипи за луѓето со попреченост  и отвораат  теми за размислување.   Филмовите се синхронизирани на македонски јазик  и се со адаптиран  превод  за лицата со оштетен слух.

По филмската програма ќе следи дебата на тема „Креативноста – прозорец кон светот на различностите“.

Програмата  „Креираме заедно“ продолжува и на 22 април, во Кинотека, со почеток во 19.30 часот. Влезот за двете вечери е слободен. крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт2 минути

„Револуција“ на Анчелоти во Бразил, избриша 16 играчи од Светското првенство

Карло Анчелоти започна нова ера на клупата на бразилската фудбалска репрезентација. Италијанскиот тренер го објави списокот од 26 играчи за...

Македонија11 минути

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Демократската унија за интеграција бара институционална одговорност за Биљал Касами, кој, како што велат од оваа партија, при одбележувањето на...

Свет24 минути

Ескалацијата меѓу САД и Иран ги зголеми цените на нафтата

Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи над 101 долар за барел во средата навечер за прв пат од мај,...

Македонија31 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

Додека СДС очајува и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции, отворање на нови работни места и...

Македонија42 минути

„Нула денари“ е најскапата лага, ова е класичен рекет, систем каде што приватни моќници го купуваат мирот и наклонетоста на Владата, велат од ЛДП за манифестациите

Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено...

Култура1 час

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград. Најпрво, со...

Свет1 час

(Видео) Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави,...

Македонија1 час

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“. Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар...

Свет1 час

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...