Daily news
Пратеници од ДОМ во посета на шведската Зелена партија
Пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин по покана на шведската Зелена партија,учествуваше на интернационалниот семинар во рамките на Конгресот на партијата, кој се одржува овој викенд во Линкопинг.
Како панелист таа говореше за политичката состојба во Македонија, корупцијата како еден од најгорливите проблеми во општеството и за визијата за дејствување на Зелените по светскиот конгрес во Ливерпул.
Во рамките на посетата Морачанин оствари работни средби со шведскиот вицепремиер Изабела Ловин и министерот за образование Густав Фридолин./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
