Контакт

Daily news

Првостепената пресуда на Ратко Младиќ до 30 ноември

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Хашкиот трибунал Кармил Аѓијус објави дека Судот ќе ја изрече  првостепената пресуда на поранешниот воен лидер на босанските Срби,  Ратко Младиќ до крајот на 30 ноември.

 

Така е предвиддено со стратегијата за завршување  на работата на Трибуналот.

 

Воениот командант на Армијата на Република Српска генерал Младиќ (75), е обвинет за геноцид во Сребреница, прогон на муслиманите и на Хрватите во Босна и Херцеговина, кој во шест општини  поприма карактер на геноцид, како и тероризирање на цивилите во Сараево (1992/95), кое беше изложено на долготрајно гранатирање и снајперски напади.

 

Најавата за пресудата на Младиќ беше објавена во Њујорк, за време на првата средба на преседателот на Судот со новиот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш.

 

Претседателот на Трибуналот ” потврди дека овој суд е на добар пат да ја заврши својата работа до крајот на 2017 година и дека пресудите во последните случаи, против Младиќ и на воениот лидер на босанските Хрвати Јадранко Прлиќ, ќе бидат објавени до 30 ноември”, се вели во соопштението по средбата на Аѓијус и на Гутереш.

По првостепена пресуда генерал Младиќ ќе има право да поднесе жалба, која по затворањето на Трибуналот ќе се решава преку редовниот судски механизам, правниот наследник на Трибуналот.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт9 часа

Македонија се намачи, но ја победи Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Малта со 2:1 на арената „Тодор Проески“ и со успех тргна во новите квалификации...

Македонија9 часа

Таткото на починато петгодишно девојче за последните моменти: Сакаа и втора инфузија да ѝ дадат, но кај ќе удреа со иглата крв избиваше

Стојче Христовски, таткото на починатото петгодишно девојче од битолско Кравари кое вчера почина во Клиничката болница во Битола откако прими...

Регион12 часа

48 кандидати за пратеници во Бугарија биле соработници на комунистичките тајни служби

48 кандидати за пратеници во Бугарија биле соработници на комунистичките тајни служби, пишуваат бугарските медиуми. Ова го покажуваат податоците на...

Топ14 часа

Учителка нападнала ученик во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.И. (53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за...

Македонија17 часа

Почина шестгодишно девојче на инфузија во болницата во Битола, било примено со температура и повраќање

Шестгодишно девојче вчера почина во Клиничката болница Битола додека примало инфузија. Директорот на болницата, Александар Обедниковски, за „Макфакс“ вели дека...

Македонија18 часа

Мијалков доби конечна слобода за апсењето на Бошкоски, Апелација ја потврди пресудата

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-274/22, во јавноста познат како...

Македонија18 часа

Османи за апсењето на Путин: Имаме недвосмислен став

Македонија ќе постапи по потерницата за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. Ова е заклучокот од одговорот на министерот за...

Економија19 часа

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите што сега се...

Македонија19 часа

(Фотовест) Преку решетки до извод од Управата на матичните книги, документи се пополнуваат на полуотшрафен дрвен шалтер

Објектот во кој е сместена Управата за водење на матичните книги во Ѓорче Петров остана непроменет. И натаму граѓаните преку...

Македонија20 часа

„Си има Обвинителство“, разрешениот директор на „Идризово“ крена раце од мрежата полицајци и затвореници за копање на тунелот

Директорот на „Идризово“ во заминување, Шпенд Тахири, и самиот потврдува дека разрешувањето што го доби од Владата е последица на...

Македонија22 часа

(Видео) Запален паркиран автомобил во близина на „Илинденска“, пожарот зафатил и друго возило

Автомобил ноќеска бил запален на паркинг на булеварот Илинденска. Речиси целосно изгоре „голф“, кој бил во сопственост на 40-годишен скопјанец....

Македонија22 часа

Студентскиот отпор: Ќе ги искористиме сите механизми за остварување на целите

Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од институциите и нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува во...

Македонија22 часа

Од попишани 3.504 лица, само 196 Бугари ќе гласаат во Македонија на предвремените парламентарни избори во Бугарија

Бугарското министерство за надворешни работи на својата официјална странива објави дека на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија од Македонија...

Европа23 часа

Гутереш: Човештвото е изложено на ризик од недостиг на чиста вода

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека човештвото е изложено на ризик од глобален недостиг на чиста вода, што...

Свет23 часа

Сијарто: Западноевропските земји не се искрени кога зборуваат за проширување на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека земјите од Западна Европа не се искрени кога зборуваат за...

Свет23 часа

Столтенберг: Западот мора да биде подготвен за војната за уништување на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин нема непосредни планови за мир во Украина и затоа Западот треба уште долго да се подготвува...

Македонија1 ден

Од „Ќе видиш што ќе ти се случи“ до сечење гуми од автомобил – градоначалникот на Штип за заканите: Мислев ќе помине

Закани со зборовите „Ќе видиш што ќе ти се случи“ завршиле со сечење на гуми од автомобил. Вака градоначалникот на...

Македонија2 дена

Граѓаните критикуваат, Касами се дообјаснува: Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме

Градоначалникот и лидер на БЕСА, Билал Касами, за „Макфакс“ посочува дека во објавата на социјалните мрежи не напишал дека Тетово...

Македонија2 дена

Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ е избришан од Централниот регистар со одлука на Министерството за правда. Клубот имаше рок да...

Македонија2 дена

Отчукува часовникот до застарување на делото на Мијлаков – остануваат 16 дена до слобода

Преостануваат 16 дена во кои Апелација треба да донесе одлука за предметот „Титаник 2“, а за на обвинетиот Сашо Мијалков...