Daily news
Продолжи собраниската седница, повторно со реплики и контрареплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ
Продолжи маратонската дебата во Собранието по паузата од час и половина, каде пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си реплицираа меѓусебно.
“Сведоци сме дека се продлабочува политичка криза, а по 11 декември оди на полошо. СДСМ ги изгуби изборите, излезе со платформа и тоа пост изборно, а со неа македонскиот народ излезе геноциден народ. Се наоѓаме во доста сензитивна состојба”, вели Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
На неа реплицираше пратеникот Василевски, исто од ВМРО-ДПМНЕ.
“Мислам дека се работи за одличен изборен инженеринг, кој ако помине во Македонија, ќе помине и во регионот. Почитувана Кузмановска, ако Вучиќ предизборно велеше дека ќе ја чува Србија од македонско сценарио, сега му се случува истото. Сметам дека оваа дебата не е нецелисходна. Имаме предизборно сценарио со пост изборен инженеринг”, вели Сашо Василевски од ВМРО-ДПМНЕ.
На репликата на Василевски, за збор повторно се јави Кузмановска.
Точно е дека сценариото се пресликува во Србија и истото е на СОРОС. Македонија не смееме да ја предадеме. МАНУ во Република Македонија се јави само еднаш преку Катица Ќулавкова, каде кажа дека македонскиот јазик е мртов, вели Кузмановска.
Таа во нејзиниот говор изрази воодушевување кон албанските партии поради чекорите кои ги преземале по изборите. /крај/кл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
