Контакт

Daily news

Работилница за анимиран филм со Берин Тузлиќ

Објавено пред

Во рамките на годинешната програма на Скопје филм фестивал, утре (четврток, 27 април, 12 часот), во Кинотеката на Македонија работилница за анимиран филм ќе одржи Берин Тузлиќ, уметник од Сараево.

Работилницата се состои од три сегменти:: видеа од Ричард Вилијамс, интерактивни занимливости и видео цртање со тајминг музика, комбинирана техника фазонатор

Берин Тузлиќ е мултимедијален уметник од Сараево, доцент по цртана анимација. Добитник е на многубројни награди од областа на краткиот анимиран арт филм, изработка на реклами и стрипови. Неговиот филм „Сараево, не знам кога и не знам каде сум“ е добитник на 33 награди, покрај другите наградувани филмови „Страшила“, „Бегам и кога не сум крив“, „Фазонатор“ и други. Автор на повеќе од 10.000 минути арт и рекламни анимации.

Тузлиќ е претседател е за БиХ на АСИФА, светско здружение на аниматори. Претседател е на НВО Pixel.ba од Сараево за аудио-визуелни комуникациски вештини. Коспоственик е на најголемата адвертајзинг агенција и продукција „Виамедиа“ во Бих, која има свои подружници во три земји.

Работилницата ќе се одржи на 27 април, во Кинотека на Македонија, од 12 часот.

(Реквием за Пинокио)

Вечерва (26 април) на програмата на фестивалот се премиерите на двата нови краткометражни македонски филмови: „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска, со Наташа Петровиќ и Шенка Колозова во главните улоги и „Чевли“ во режија на Бранко Костески, со актерите Благој Веселинов, Григор Јовановски, Диме Илиев, Ана Костовска и Роберт Ристов. На проекциите во кино „Фросина“ од 20,30 часот ќе присуствуваат и авторите и филмските екипи. крај/мф

Најново

Забава7 минути

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет25 минути

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет1 час

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија2 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион2 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет2 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...

Свет3 часа

Путин ослободи американски маринец од руски затвор, Трамп: Немаше размена

Русија го ослободи американскиот државјанин Роберт Гилман, поранешен американски маринец кој од 2022 година беше во затвор во Русија. Американскиот...

Забава3 часа

Пет хороскопски знаци што не се плашат од ризик во кариерата

Кариерата ретко напредува по целосно права линија, а големите професионални успеси често бараат храброст и подготвеност за промени. Некои луѓе...

Култура3 часа

Концертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска-Ивановска, насловен „Ideale“, на „Бит Фест“

На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ...