Контакт

Daily news

Рецепти за успех на Иванка Трамп

Објавено пред

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја објави нејзината втора книга, „Жени што работат: Повторно испишување на правилата за успех“.

dobivaj vesti na viber

Во книгата „Жени што работат: Повторно испишување на правилата за успех“ („Women Who Work: Rewriting the Rules for Success“), ќерката на актуелниот американски претседател им нуди совети на жените како да напредуваат во кариерата, како да направат рамнотежа меѓу професионалниот и семејниот живот, и како да постигнат лично исполнување.
Иванка ќе ги приложи приходите од продажбата на оваа книга за самопомош во хуманитарни цели. Таа одбила да ја промовира книгата за да ги избегне шпекулациите дека ја злоупотребува нејзината позиција советник во Белата куќа.
Иванка пред 8 години ја објави првата книга „Трамп карта“, во која нудеше разновидни совети за поуспешна кариера, приказни за бизнис-потфатите на нејзиниот татко и анегдоти од средбите со познатите личности. крај/мф/

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Бројот на загинати за време на овогодишниот аџилак се зголеми на повеќе од 1.300

Бројот на починати за време на овогодинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави денеска министерот за здравство на...

Македонија19 минути

Левица: Уапсени моќници со дрога, блиски до Максим и ЗНАМ во Охрид

Во текот на минатата недела, во акција на Охридската полиција, со поголема количина дрога беа уапсени три лица, кои се...

Свет25 минути

Најмалку 15 полицајци и неколку цивили убиени во кординарани терористички напади во Русија

Во терористичките напади во Дербент и Махачкала, во јужната руска република Дагестан, загинаа повеќе од 15 полицајци и неколку цивили,...

Свет47 минути

Екипажот на товарен брод во грчка сопственост е полесно повреден од напад на Хути во Црвеното Море

Екипажот на товарен брод кој пловел под знаме на Либерија и е во сопственост на Грција е полесно повреден во...

Македонија56 минути

ЦУК: 2 699 повици на 112 во последното деноноќие, невреме во Тетовско и Скопско и 15 пожари на отворено, два се уште се активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 699 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Македонија1 час

Голем број пријави за поплавени куќи и улици, прекини и во снабдувањето со струја: ЦУК за невремето во Тетово

Како последица на невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон проследено со силен дожд и град, на телефонскиот...

Македонија10 часа

Избрана новата Влада на чело со Христијан Мицкоски

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани беше изгласана новата Влада. Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а...

Македонија11 часа

Мицкоски: Ќе ја кажам срамната придавка, во моментов сум немоќен

Луѓето што ме знаат, тие знаат дека мојот збор планина тежи. Ќе правам се додека сум жив неправдата да ја...

Македонија13 часа

(Видео) Оградата од мостот во Автокоманда падна врз две возила

Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, во екот...

Свет13 часа

Напаѓачи упаднаа во црква и синагога во Русија, убија полицајци, му го пресекоа грлото на попот

Вооружени напаѓачи отвориле оган врз синагога, православна црква и полициска станица во рускиот регион Дагестан, а неколку луѓе биле убиени,...

Македонија13 часа

(Видео) Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја

Ограда од мост падна кај Автокоманда, колони возила останаа заглавени. Ваква е сликата по невремето што попладнево го зафати Скопје....

Македонија14 часа

Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми

Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до Клиниките во Скопје. Бебето...

Македонија15 часа

ЕВН ќе ја гасне струјата во Тетово поради опасноста од струен удар по силното невреме

ЕВН ќе ја исклучува струјата улица по улица и населба по населба во Тетово поради опасноста од струен удар по...

Македонија17 часа

МВР со детали за смртта на пратеникот од СДСМ: паднал од кровот на викендичката на Осогово и загинал

Полицијата објави детали за несреќата во која вчера животот го загуби пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Според информациите,...

Топ21 час

Возач со автомобилот удри во 77-годишен мотоциклист во Штип и побегна од местото

Вчера на улицата Гоце Делчев во Штип, автомобил удри во мотоцикл „баотиан’ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(77) од...

Свет21 час

Подготвени сме на било каква акција во Либан, рече израелскиот министер по заканите на Хезболах

Израел е подготвен за секаква акција што може да биде потребна во Газа, Либан и дополнителни области, изјави израелскиот министер...

Македонија21 час

МНР: Македонските граѓани да го напуштат Либан поради влошената безбедносна ситуација

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи ги повикува македонските државјани кои се наоѓаат во оваа држава,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Како држава мора да имаме силни и брзи резултати за да фатиме чекор со европските стандарди и вредности

Граѓаните на изборите јасно и недвосмислено дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, на промените и на реформите. Сега е време идната Влада...

Свет1 ден

Романската воена база наскоро ќе стане најголема НАТО база во Европа: „Зголемено е американското присуство“

Воздухопловната база Михаи Когалничану во Романија се подготвува да стане најголемата воздухопловна база на НАТО во Европа, поголема од Рамштајн...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди Венецуела

Венецуела денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил рано утринава, по...