Контакт

Daily news

Русија плаќала медиуми во Македонија да шират пропаганда

Објавено пред

 

Британскиот весник „“Гардијан“ објави документи од разузнувачки служби според кои руските дипломати и шпиони речиси десет години ширеле пропаганда и предизвикувале несогласувања во Македонија. Документите сугерираат дека Москва се обидувала да го зголеми своето влијание во сите земји од бивша Југославија за да ги оддалечи од НАТО и од западното влијание.

 

Гардијан документите ги обезбедил од меѓународната истражувачка мрежа Проект за известување за организиран криминал и корупција, кои  открија големи финансиски афери во светот последните години.

Руските и српските напори да ја оддалечат Македонија далеку од Западот придонеле, според документите, за долготрајната политичка криза во нашата земја.

 

„Последните девет години Македонија е предмет на силна субверзивна пропаганда и разузнавачката активност во режија на руската амбасада“,стои во документот, подготвен за Владимир Атанасовски, директор на македонската Агенција за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Влијанието започнало во 2008 година, кога Грција го блокираше обидот на Македонија за членство во НАТО.Протечениот документ исто така покажува како Русија го остварувала своето влијание.Внатре се вели дека три агенти од руските разузнувачки служби биле стационирани во Скопје и биле надгледувани од сестринската служба во Белград, во  Србија. Руската амбасада во Македонија исто така е дом на четири шпиони од руската воена разузнувачка служба ГРУ, чии активности се координирани од Софија.

Новинарите на новинската агенција ТАСС и преставникот на „Росотрудничество“, државно културно тело,како што стои внатре, работат за разузнувачките служби на Русија. ФБИ водел веќе истрага за ова културно тело под обвинение дека се обидува да регрутира Американци за свои информатори.

Документот вели дека руските дипломати се исклучително внимателни кога се среќаваат со своите контакти, често ги менуваат местата во последна минута, не користат мобилни телефони и употребуваат пасворди. Тие им понудиле кеш на македонските медиуми да шират информации и дезинформации, стои во документот.

Руската амбасада исто така создала околу 30 македонско-руски асоцијации за пријателство , отворила културен центар во Скопје и спонзорирала изградба на руски ортодоксни крстови и руски цркви. Се вели исто така дека руските конзулати во Битола и во Охрид функционираат како бази за разузнувачите.

Резултатите од ваквото мешање на Москва, според „Гардиан“ се мешани. Русија беше гласен поддржувач на Груевски, но тој мораше да се повлече од премиерската функција по масовните протести.

Одделен документ го истражува состанокот во април меѓу рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак и Ненад Колев од Министерствотот за надворешни работи на Македонија. Шчербак рекол дека цел на Москва е да креира група на воено неутрални земји на Балканот во која би биле Црна Гора, БиХ, Македонија и Србија. Тој ги опишал амбасадорите од НАТО како “чакали”, и рекол дека сега  Русија е “водечка глобална политичка сила”. Тој, наводно, предупредил дека Македонија треба да ја поддржува политиката на Кремљ јавно или ќе се соочи со дипломатски и економски последици.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Гутереш: Нова Студена војна доколку САД и Кина не ги подобрат односите

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди на можноста од нова Студена војна доколку Соединетите Американски Држави и Кина, според...

Свет10 минути

(Видео) Пукање на универзитет во Русија, студентите скокаа преку прозорци, има повредени

Непознато лице отворило оган врз студенти и предавачи во зградата на Универзитетот во Перм, руски град на Урал, пренесуваат руските...

Свет38 минути

Партијата на Путин со убедливо водство по првичните резултати од изборите во Русија

Партијата „Единствена Русија“, која ја поддржува политиката на претседателот Владимир Путин, освои најмногу – 44,26 проценти од гласовите на парламентарните...

Европа52 минути

Пожар во камп за мигранти во Грција

Кампот за мигранти на грчкиот остров Самос беше евакуиран откако доцна синоќа во него избувна пожар. Нема повредени или поголема...

Македонија14 часа

23 починати и 365 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа направени се 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи...

Македонија16 часа

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет16 часа

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија17 часа

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија19 часа

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија22 часа

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ22 часа

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет23 часа

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет1 ден

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа1 ден

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет1 ден

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија2 дена

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет2 дена

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија2 дена

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија2 дена

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Досие