Daily news
Руската авијација ги прекина воените дејствија во Сирија
Руските ВКС од 1 мај ги прекинаа активностите во зоните на деескалација во Сирија. Ова го соопштија од Генералштабот на Армијата на Русија, пренесува Звезда.
Началникот на Главната оперативна управување на Генералштабот на Армијата на Русија генерал полковник Сергеј Рудској објасни дека руската авијација од понеделникот ја прекинала работата над територијата на Сирија, каде на 6 мај ќе бидат создадени зони за деескалација.
Тој прецизира дека употребата на авијацијата на ВКС на Русија е прекината на 1 мај во 00:00 часотј.
Сега, по неговите зборови, владините сили на Сирија со поддршка на ВКС на Русија ќе ги фокусираат главните напори на офанзивата кон Палмира, ослободувањето на градот Дејр ез Зор, како и врз ослободувањето на северно-источните територии.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
