Контакт

Daily news

САД: Работодавците отворија 138 илјади нови работни места

Објавено пред

 

Работодавците во Соединетите Американски Држави (САД) подзастанаа со вработувањата и во мај отворија само 138 илјади нови работни места.

Обемот сè уште не е доволен за поддршка на продолжување на трендот за намалување на стапката на невработеност, пренесуваат агенциите.

Министерството за труд објави дека стапката на невработеност во мај падна за 4,3 отсто, а претходно за 4,4 отсто.

Бројот на нови работни места во март и април беше ревидиран за 66.000 вкупно за двата месеца.

Во просек последните три месеци  се отвораа по 121 илјада работни места месечно, што претставува забавување во однос на просекот од 181 илјади за период од дванаесет месеци. Просечната заработувачка на час се зголеми за 2,5 отсто минатата година.

Ресторани и бизниси во здравствениот сектор забележаа солиден пораст на бројот на нови работни места.  Во бизнисот на давање угостителски услуги вработени се 30,3 илјади нови работници, додека во здравствениот сектор се отворени 24,3 илјади работни места.  Бројот на работни места  во градежната индустрија се зголеми за 11 илјади.Сепак, производителите, трговците и јавниот сектор минатиот месец го намалија бројот на вработени.

Најново

Свет54 секунди

„Политико“: Идејата на Калас за експертска група за одбрана пропадна пред да се формира групата

Плановите на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, за формирање експертска група за одбрана на ЕУ пропаднаа откако Италија...

Свет19 минути

Писториус: Германија ќе ја снабди Украина со пресретнувачки ракети

Германија ќе ја снабди Украина со итно потребни пресретнувачки ракети PAC-2 за системите „Патриот“ од залихите на Бундесверот, изјави денес...

Црна хроника54 минути

Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи  електричен...

Свет1 час

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија2 часа

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава2 часа

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...

Македонија2 часа

Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува...

Забава3 часа

Зошто сливите треба почесто да бидат на вашето мени

Сливите не се само вкусно и сочно овошје, туку можат да имаат и голем број здравствени придобивки. Тие се богати...

Македонија3 часа

Утре, сончево и топло, попладне со услови за дожд, ветер и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за...