Daily news
Сведок: Зврлевски ќе си даде оставка за да оди на неменлива функција
Јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе си поднесе оставка за да може Советот на јавни обвинители да го именува за заменик републички јавен обвинител, функција која е трајна и не подлежи на мандат и реизбор, дознава Сведок од извори во Советот на јавни обвинители.
Тоа, според планот направен помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ треба да се случи неделава, за да се избегне неговата смена по формирањето на новата Влада, која според сите најави, прво ќе бара разрешување на директорот на БЈБ во МВР Митко Чафков и на Јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Доколку Зврлевски би бил разрешен на тој начин од Собранието, на предлог на Владата, треба да замине од Јавното обвинителство, но вака, според „читањето“ на законот од страна на „експертите“ во Советот на јавни обвинители, Зврлевски би си останал како заменик во Јавното обвинителство, функција која има траен мандат.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
