Daily news
Села до ВМРО-ДПМНЕ: Ајде да го изгласаме Законот за СЈО, па да одиме на избори
Пратеникот од ДР-ДПА, Зијадин Села, им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека ова што го прават е за да ја избегнат одговорноста и да се соочат со СЈО.
Тој рече дека не е против нови избори, но првин да го изгласаат Законот за СЈО и формирање специјално судско одделение.
„Има една стара албанска поговорка која вели, како ѝ се обраќате на планината така ќе ви врати.Така и вие, зборувате за сè и сешто освен за точката од дневниот ред.
Имам чувство како да сме во предизборна кампања.
Вие имавте мандат и тогаш постоеше декларацијата, но таа не е проблем туку СЈО.
Вие сакате да ја избегнете одговорноста, да се соочите со правдата.
Не сум против избори, еве предлагам покрај парламентарни и локални нека бидат заедно и претседателските, но првин убедете го вашиот претседател Иванов да го изгласаме СЈО и специјалното кривично одделение и тогаш ќе го распуштиме Собранието“ рече Села. . крај/мф/гд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
