Daily news
Се чисти Дабничкиот Канал
Се чисти Дабничкиот Канал, кој поминува низ ромската населба Тризла во Прилеп. Каналот ќе се чисти од секаков вид нечистотија во должина од 1,5 км, и тоа од населбата Тризла па сè до неговиот влив во Градската Река кај типската населба.
„Каналот редовно се чисти на секои 2 години и во оваа пригода повторно би сакал да упатам апел до населението што живее во Тризла да не фрла отпадоци и шут во каналот бидејќи доаѓа до негово затнување и при поголеми поројни дождови се создаваат проблеми. Со ова чистење се спречува создавањето поплави во овој дел на градот кога ќе има силни дождови. Исто така, чистењето ќе придонесе и за зачувување на животната средина“, изјави градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Редовното чистење на каналот и на речното корито на Градска Река е во координација со водостопанството „Прилепско Поле“, претпријатие што ги чисти и каналите во околината на Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
