Daily news
Сирија користи крематориум за егзекуции
Сириската влада има изградено и користи крематориум во озлогласениот затвор Седнаја , надвор од Дамаск каде што тајно сместува илјадници затвореници и ги егзекутира, тврди Стејт департментот.
Најмалку 50 затвореници на ден се егзекутираат во затворот, некои со масовно бесење, вели Стјуарт Џонс, заменик помошник државен секретар за Блискиот Исток. Во еден неодамнешен извештај Амнести интернешенел ја нарече Седнаја “човечка кланица” каде што илјадници Сиријци се киднапирани, уапсени и “уништени” таму.
Владата на претседателот Башар ал Асад, изјави Џонс, ги спроведува овие злосторства и други слични со безусловна помош на Русија и Иран и нејзините поддржувачи./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
