Контакт

Daily news

Собраниски театар, главната улога во рацете на Кузмановска

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

“Немате потреба некој да ви ги пишува тие говори за криминал и криминалци, затоа што вие сте предавници. Во народот има и ваши членови кои сте ги излажале”, започна Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

 

По почетниот говор, се јави нејзиниот сопартиец од партијата и колега од Собранието, Крсто Јовановски.

 

“Добро е колешке Кузмановска, затоа што завршивме со дебата за деловникот и можеме да почнеме со дебата за точката број три. Многу е битно каква комисија ќе избереме. Вториот момент каде сакам да се осврнам е изборот на претседсател и избор на комисија, каде од СДСМ е предложен член кој пред некое време ги фарбаше режимските институции и споменици. Кога од СДСМ отишле на Иванов да му ги однесат потписите за мандат, се надевам дека му се ибратиле со “Господине Фикус”, бидејќи така го именуваат”, вели тој.

 

Лилјана Кузмановска продолжи во нејзин стил на реплики.

 

“Нивната програма е набрзина пишувана, а тоа тие го знаат, а пак сценаристот им кажа дека ќе ги однесе до Собрсние. Доста е од криминалци и сценаристи, бидејќи криминалците ќе одат на суд, а кај ќе одите вие предавниците“, прашува Кузмановска.

 

Забавата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја расипа Фросина Ташевска-Ременски која потенцираше дека Вељановски постапува дека по наредби на Никола Груевски.

 

“Ова мое обраќање е колку да не се опуштите, почитуван преседавач. Ако на почетокот беа спорни барањето на СДСМ и Спасовски за одење на четвртата точка, сега кога нема процедурални забелешки, никој не зборува за истата. Не’ прашувате зошто не дебатираме за платформата? Затоа што ние дебатираме за кокошките, а вие за црвот”, вели Ременски во својата реплика.

 

Вељановски ја опомена Ременски дека не може таа да кажува кој е присутен во Собранието, а кој не е. Притоа, тој ја рече дека пратеничката е млада во парламентот и дека ги познава доволно работите. На дебатата се надоврза и Панчо Минов.

 

Јас го дадов својот прилог со нејавување на реплика, но ќе и одговорам процедурално на Ременски. Суштината на политичката криза на Македонија не е деловникот, а вие упорно го коментирате тоа. Изнаоѓањето на формата на инсистирање дека победникот треба да е на страна на губитник, не е решение. Нема апсолутна правда, нема апсолутна вистина. Единственото решение е единствена Македонија.

 

Репликите продолжија, овој пат Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ и реплицираше на Кузмановска.

 

“Во моето обраќање ќе ве надополнам во неколку клучни точки. Околу третата точка, пред да се изгласа составот и да се донесе одлука за нивно именување, јавноста мора да знае на што се’ се согласиле. Сите имаме голема одговорност, да не донесеме погрешни одлуки со кои ќе бидеме осудени од идните поколенија. Доколку не се изнајде решение и не се земе превид народот кој протестира, ситуацијата ќе стане пострашна.

 

Претседавачот Вељановски даде нова пауза за пратениците. Дебатата продолжува по 16 часот./крај/мф/кл

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Еуроњуз: Македонија има најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Најпогодена држава од загадувањето на воздухот е Македонија, а по неа следи Србија, објави „Еуроњуз“ повикувајќи се на извештај на...

Свет8 часа

(Видео) Грабежи низ Лос Анџелес: крадци се облекуваат како пожарникари за да упаднат во напуштени домови

Полицијата уапси голем број разбојници облечени како пожарникари кои упаднаа во напуштени домови во Лос Анџелес, каде околу 35.000 домови...

Македонија8 часа

(Видео) Отежнати услови за возење на Плетвар, снегот продолжува да паѓа

Отежнати се условите за возење на Плетвар. Видеата кои ни ги испрати репортерот на „Макфакс“ од терен покажуваат дека механизацијата...

Македонија11 часа

(Фото) Одбележана 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на Армијата

Со едноминутно молчење и полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, денеска 12 јануари, беше одбележана седумнаесет годишнината од...

Македонија11 часа

(Видео) Петрушевски: СДС премолчувале за криминалните активности на Груби

СДС додека беа на власт се правеа слепи при очи и глуви при уши. Едноставно најмногу им одговарало да глумат...

Економија12 часа

(Видео) Димковски: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Неспособноста на Цветан Трипуновски создаде криза со откупот на оризот и оризовата арпа, кажа денеска на прес конференција, Трајан Димковски...

Македонија13 часа

СДСМ: Заледен автопат, неспособноста на ДПМНЕ е закана за безбедноста на граѓаните

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците од снежните врнежи прераснува во закана за безбедноста на граѓаните, велат од СДСМ....

Македонија16 часа

Студен бран ја зафати Македонија, денеска обилен снег и силен ветер

Времето денеска ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе...

Македонија1 ден

Јавното обвинителство ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Сашо Мијалков

Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти...

Македонија2 дена

(Видео) Шукова: ДПМНЕ нека засука ракави и да не продава демагогии, туку да почне со реализација на мерки за намалување на загадувањето

Борбата против загадувањето мора да стане приоритет на власта која целосно го игнорира и не презема никакви мерки, кажа денеска...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: СДС јавно да се извинат за Груби

Од криминалите за Лотарија, преку дуќанот на улица Македонија под цена, до луксузното возило кое демек не е негово, туку...

Економија2 дена

СДСМ: Владините мерки немаат ефект, цените не се намалија – граѓаните се ограбени

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека инфлацијата во декември лани во однос на истиот месец во 2023...

Македонија2 дена

Не поминаа интерпелациите за Меџити, Стоиљковиќ, Тошковски и Исени

Во Собранието на Република Македонија не поминаа интерпелациите за четворицата членови на Владата. Од Европскиот фронт, кој ги поднесе четирите...

Свет2 дена

(Фото) Трамп сака да ја преземе контролата врз Гренланд, Канада и Панамскиот канал

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ги сака Гренланд, Канада и Панамскиот канал. Ова е само дел од неговите планови,...

Македонија2 дена

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Меџити

Со три гласа „за“, 64 против и без воздржани, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна...

Македонија2 дена

Даути не е разрешена, интерпелацијата нема правно обврзувачки последици, велат од Кабинетот на Гаши

Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема...

Македонија2 дена

Пренџов: ДУИ немаат јасна визија и став, предлагаат бесмислена интерпелација за Меџити која нема да ја поддржиме

На денешната собраниска седница за интерпелации зеде збор пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој во однос на интерпелацијата за Изет...

Македонија2 дена

Град Скопје: Курто Дудуш фатен како ги труе граѓаните, ќе одговара за 7 кривични дела

Денес на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на градоначалникот на Шуто...

Македонија2 дена

Изгласана интерпелацијата за Илире Даути

На првата собраниска седница од годината, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути. Интерпелацијата ја образложи Сашко...

Свет2 дена

Судот смета дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Даниелс, но нема да биде казнет

Судот во Њујорк пресуди во случајот на премолчена исплата на поранешниот и идниот претседател Трамп на порно актерката Сторми Даниелс....