Daily news
Сообраќајка во Охрид, потешко повредено едно лице
Во петокот околу 22 часот во Охрид на улица „Кленоец“ се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Рено Меган“ со охридски регистерски таблици управувано од Б.T. (75) удрил во велосипед управуван од Б.M (61), и двајцата од Охрид.
На Б.M. медицинска помош му била укажана во ОБ Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил препратен во МЦ „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
