Daily news
Сообраќајна незгода на патот Градско-Прилеп, двајца повредени
Во саботата во 9 часот на патниот правец Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од И.М.(46) од Берово и автомобил „Фолксваген Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М.(56) од Битола.
Во незгодата И.М. (од Берово) се здобил со тешки телесни повреди и со возило на итна помош бил пренесен во Градска болница Прилеп, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички центар Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Прилеп./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
