Daily news
Таксист претепал општински полицаец на белградскиот аеродром
На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ се случил инцидент, кога дошло до тепачка помеѓу припадниците на општинската полиција и илегалните таксисти, пренесуваат српските медиуми.
„Во попладневните часови на аеродромот ‘Никола Тесла’ се случил инцидент во кој еден општински полицаец се здобил со телесни повреди од страна на илегален таксист. Имено, Ј.Ш., кој од претходно ѝ е познат на општинската полиција по големиот број прекршоци (од 2015 година до денес санкциониран точно 122 пати), се обидел да преземе странка која во тој момент се наоѓала на главниот терминал на аеродром. Кога дежурната патрола му побара на увид лична карта, тој ги нападнал општинските полицајци, при што еден од нив се здобил со повреди на главата“, соопштиле од српската општинска полиција./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
