Контакт

Daily news

Таравари: ДУИ и СДСМ не се солидаризираа, туку само ги намалија буџетските средства за една третина

Објавено пред

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во врска со свикувањето седница на Советот на Општина Гостивар, на која ќе се донесе одлука за привремено финансирање, рече дека ДУИ и СДСМ не се солидаризираа со општинските службеници и просветните работници, туку само извршиле законска обврска, а фактички со таквата одлука ги кратат за една третина буџетските средства за првиот квартал.

„Прочитав една вест од ДУИ дека наводно одлучиле да помогнат во процесот. Тоа не е вистина, тоа е законска обврска во рок од 15 дена по приемот на дописот од моја страна што го испратив на 4 јануари, Советот да одобри негово привремено финансирање. Тие го одложија онолку колку што можеа, значи свикаа седница за 24 јануари со единствена цел да ги блокираат сите процеси до последниот можен ден. Инаку, привременото финансирање е најголемата штета што може да ја предизвикаат како мнозинство во Советот на Општина Гостивар. Ова мнозинство од 16 советници одби да расправа за буџетот. Би прифатил доколку се расправаше за буџетот, но нека знаат граѓаните на Гостивар дека тие немаат никаква милост за да се деблокира нешто, туку, едноставно, прават нешто што законски се обврзани да го направат, а негативните ефекти од оваа одлука се намалувањето на буџетот за една третина од парите што можеме да ги користиме како општина“, истакна градоначалникот Таравари.

Тој вели дека единствената причина за ова е тоа што тие сакаат да покажат дека наводно никој друг, освен ДУИ и СДСМ, не знае да раководи, а кои, всушност, во гостиварската политика веќе им припаѓаат на историја.

На новинарско прашање дали целта е да се оди на вонредни избори за советот, Таравари одговори дека е подготвен и дека ги предизвикува тоа да го сторат, но дека тие не прифаќаат.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале скоро 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Свет2 часа

СЗО: Земјите во кои паѓа бројот на заболени се соочуваат со втор бран ако нагло ги попуштат мерките

Земјите во кои се намалува бројот на заболени од коронавирус би можеле да се соочат со втор пик на епидемијата...

Регион2 часа

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа2 часа

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што побргу да се отворат границите меѓу европските земји по затворањето...

Македонија3 часа

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската Зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата предизвикана од...

Регион3 часа

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Кога Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет14 часа

Италија бара 60.000 доброволци, кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати речиси 60.000 доброволци, кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија15 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет16 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа16 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет17 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет17 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа18 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија21 час

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија23 часа

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет23 часа

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион24 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија1 ден

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија1 ден

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија1 ден

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Досие